Тамим бин Хамад ел Тани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тамим бин Хамад ел Тани
تميم بن حمد بن خليفة آل ثاني (49759678641) (cropped).jpg
Шеикот Тамим во 2020 г.
Емир на Катар
На престол25 јуни 2013 – денес
ПретходникХамад бин Калифа ел Тани
Заменик емирАбдулах бин Хамад ел Тани
ПремиерАбдула бин Насер
Калид бин Калифа бин Абдул Азиз
Роден(а)3 јуни 1980 (1980-06-03) (42 г.)
Доха, Катар
Полно име
Тамим бин Хамад бин Калифа бин Хамад бин Абдула бин Џасим бин Мохамед ел Тани
Regnal name
Тамим ел Маџд (Тамим славниот)
ДинастијаТани
ТаткоХамад бин Калифа ел Тани
МајкаМоза бинт Насер ел Миснед
Тамим бин Хамад ел Тани
Лични податоци
Портал instagram.com/tamim

Шеикот Тамим бин Хамад ел Тани (арап. تميم بن حمد بن خليفة آل ثاني  ; роден на 3 јуни 1980 година) е емир на Катар. Тој е четврт син на претходниот емир, Хамад бин Калифа. Владее со Катар од 2013 година откако неговиот татко абдицирал од тронот. Тамим станал престолонаследник во 2003 година кога неговиот постар брат шеикот Џасим се откажал од своето барање за тронот.

Тој е монарх на Катар, кој е апсолутна монархија.[1][2] Граѓаните на Катар имаат ограничени политички и граѓански права,[1] но преземени се чекори за воведување поголеми слободи.[3] Тој се залага за подигање на меѓународниот имиџ на Катар преку организација на спортски настани, а во негова сопственост е и ФК Париз Сен Жермен.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тамим бин Хамад е роден на 3 јуни 1980 година во Доха, Катар.[4] Тој е четврт син на шеикот Хамад бин Калифа ел Тани и втор син на шеиката Моза бинт Насер, втората сопруга на Хамад.[5][6] Тамим се школувал во Велика Британија во меѓународниот колеџ во Дорсет,[4] и во Хароу, каде што седнал со диплома во 1997 година.[4][5] Потоа се запишал на Кралската воена академија во Сендхерст, и дипломирал во 1998 година.[5]

Кариера[уреди | уреди извор]

Шеикот Тамим бил назначен како втор поручник во вооружените сили на Катар по дипломирањето на Сендхерст.[5] Тој станал престолонаследник на Катар на 5 август 2003 година, откако неговиот постар брат шеикот Џасим се откажал од тоа.[4][5] Оттогаш бил подготвуван за преземање на власта со тоа што работел на врвни безбедносни и економски позиции.[7] На 5 август 2003 година бил назначен за заменик врховен командант на вооружените сили на Катар.[5]

Шеикот Тамим го промовирал спортот како дел од обидот да го подигне меѓународниот имиџ на Катар.[7] Во 2005 година тој ја основал Орикс Катар Спорт Инвестментс, кој покрај другите инвестиции го поседува и ФК Париз Сен Жермен . Во 2006 година, тој претседавал со организацискиот комитет на 15. Азиски игри во Доха. Под негово водство, за прв пат во неговата историја сите земји членки присуствувале на настанот. Таа година египетскиот ел Ахрам го изгласал Тамим за „најдобра спортска личност во арапскиот свет“.[8] Под негово водство, на Катар му било доверено да биде домаќин на Светското првенство во пливање во 2014 година и Светското првенство во фудбал во 2022 година. Тамим е претседател на Националниот олимписки комитет.[5][6][9] На 113. седница на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во февруари 2002 година, бил избран за член на МОК.[10] Исто така, ја предводел кандидатурата на Доха за Олимпијадата во 2020 година.[5]

На чело на емиратот[уреди | уреди извор]

На 25 јуни 2013 година, неговиот татко, шеикот Хамад бин Калифа ел Тани, одлучил да се откаже од власта во корист на неговиот син.[11][12] Тамим станал емир на Катар откако неговиот татко во телевизиски говор ја предал власта.[13] Тој бил првиот владетел, по тројца последователни катарски владетели од семејството ел Тани, кој дошол на власт без државен удар.[14]

Внатрешна политика[уреди | уреди извор]

Тамим владее со авторитарен режим во Катар,[15] бидејќи ја има целата извршна и законодавна власт, политичките партии се забранети, а изборите не се слободни и фер.[1] Граѓаните на Катар имаат ограничени политички и граѓански права.[1] Во Катар нема слобода на печатот.[16] Во 2016 година, режимот на Тамим го забранила весникот Доха њуз, поради критичко известување.[17]

Откако стапил на власт, владата ги проширила патиштата околу главниот град, бил изграден нов метро систем и ја довршила изградбата на нов аеродром.[18]

Русија на Катар симболично му ја предава штафетна палка за организација на Светското првенство во фудбал во 2022 година, јуни 2018 г.

Во август 2021 година, Тамим издал декрет за одржување на првите избори [19] за Консултативното собрание на Катар кои се одржале на 2 октомври 2021 година.[20][21] По контроверзноста со гласањето на изборите,[22][23] Тамим ветил еднакво државјанство [24] и наредил законски измени.[25]

Надворешна политика[уреди | уреди извор]

Шеикот Тамим со поранешниот аргентински претседател Маурицио Макри во претседателската резиденција на Оливос во Буенос Аирес, јули 2016 година.
Шеикот Тамим, Антонио Гутереш и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, 16 февруари 2018 година

Индија[уреди | уреди извор]

Шеикот Тамим одржува блиски односи со индиската влада. На 25 март 2015 година, ја посетил Индија и се сретнал со премиерот Нарендра Моди. Тој рекол дека владата „ѝ верува“ на индиската економија за да инвестираат во Индија.[26] Последен пат шеикот Тамим се сретнал со индискиот премиер Нарендра Моди на 23 септември 2019 година, во резиденцијата на Постојаната мисија на државата Катар во Обединетите нации, на маргините на 74-та седница на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.[27]

Египет[уреди | уреди извор]

Катар му дал заем и помош на Египет за време на владата на Муслиманското братство.[28] Во август 2013 година, Катар се приклучил на обидот (предводен од САД) да посредува во смирувањето на тензиите меѓу Муслиманското братство и војската.[28] Тамим навел дека Катар нема да се меша во Египет иако го осудува она што се случува во Египет по државниот удар во 2013 година.[29] По смената на Мохамед Морси од функцијата, новата влада ги одбила понудите на Катар за финансиска помош.[30] Постојаната поддршка на Катар за Муслиманското братство предизвикало дипломатски јаз меѓу Доха и Саудиска Арабија, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати во 2014 година, што кулминирало со повлекувањето на амбасадорите од овие три земји во март истата година.[31] Катар постојано ги негирал наводите за поддршка на Муслиманското братство.[32] Во јуни 2016 година, поранешниот претседател на Египет Мохамед Морси бил осуден на доживотен затвор под обвинение за предавање државни тајни на Катар.[33][34]

На 20 јануари 2021 година, Катар и Египет се согласиле да ги обноват дипломатските односи.[35] Шеикот Тамим во јули 2021 година го именувал катарскиот амбасадор во Египет[36] и се сретнал со ел-Сиси во Багдад на 28 август 2021 година [37]

Сирија[уреди | уреди извор]

Катар повикал на воена интервенција од арапските земји за да се стави крај на крвопролевањето во Сирија во 2012 година.[38] Катар продолжил да им дава поддршка на сириските опозициски групи, а Тамим во говорот во ОН во септември 2020 година изјавил дека Катар ќе продолжи да ги поддржува напорите за постигнување правда и ќе ги повика на одговорност сторителите на злосторства, воени злосторства и злосторства против човештвото во Сирија.[39] Во 2015, под покровителство на заедничка иницијатива со Саудиска Арабија и Турција, промовирана од шеикот Тамим, Катар на сириските бунтовници им обезбедил ново оружје и формирал нова опозициска коалиција во Сирија, позната како „Освојувачка армија[40]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Qatar: Freedom in the World 2020 Country Report“. Freedom House (англиски). Посетено на 2021-04-06.
  2. „Qatar - The World Factbook“. www.cia.gov. Посетено на 2021-04-07.
  3. Alsaafin, Linah. „What to expect from Qatar's first legislative elections“. Aljazeera.com (англиски). Посетено на 2021-11-07.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Sheikh Tamim's biography“. Qatar News Agency. Архивирано од изворникот на 9 May 2013.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 „Profile: Qatar Emir, Sheikh Tamim bin Khalifa Al Thani“. BBC. 25 June 2013. Архивирано од изворникот на 27 June 2013. Посетено на 25 June 2013.
  6. 6,0 6,1 „Qatar's Sheikh Tamim: 33-year-old groomed for power“. AFP. 25 June 2013. Архивирано од изворникот на 27 February 2014. Посетено на 25 June 2013.
  7. 7,0 7,1 „Qatar's Sheikh Tamim: 33-year-old groomed for power“. AFP. 25 June 2013. Архивирано од изворникот на 27 February 2014. Посетено на 25 June 2013."Qatar's Sheikh Tamim: 33-year-old groomed for power". AFP. 25 June 2013. Archived from the original on 27 February 2014. Retrieved 25 June 2013.
  8. „Profile: Qatar Emir, Sheikh Tamim bin Khalifa Al Thani“. BBC. 25 June 2013. Архивирано од изворникот на 27 June 2013. Посетено на 25 June 2013."Profile: Qatar Emir, Sheikh Tamim bin Khalifa Al Thani". BBC. 25 June 2013. Archived from the original on 27 June 2013. Retrieved 25 June 2013.
  9. „Vision, Mission and History“. Qatar Olympic Committee. Посетено на 15 June 2021.
  10. Kluge, Volker. „Welcome to the Issue“ (PDF). International Society of Olympic Historians. Посетено на 15 June 2021.
  11. „Sheikh Tamim to take over as Emir of Qatar“. 24 June 2013. Архивирано од изворникот на 15 July 2015. Посетено на 6 December 2015.
  12. „Breaking News: Crown Prince Tamim to be handed the helms of leadership“. Qatar Chronicle. 25 June 2013. Архивирано од изворникот на 11 December 2013. Посетено на 16 July 2013.
  13. „Qatari emir Sheikh Hamad hands power to son Tamim“. BBC. 25 June 2013. Архивирано од изворникот на 25 June 2013. Посетено на 25 June 2013.
  14. Ballout, Mohammad (11 June 2013). „Will Qatar's Emir Abdicate in August?“. As Safir. Архивирано од изворникот на 18 June 2013. Посетено на 28 June 2013.
  15. Yom, Sean (2019-10-30). Government and Politics of the Middle East and North Africa: Development, Democracy, and Dictatorship (англиски). Routledge. ISBN 978-0-429-75639-9.
  16. Nordland, Rod (2013-06-24). „In Surprise, Emir of Qatar Plans to Abdicate, Handing Power to Son“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2021-07-11.
  17. Walsh, Declan (2018). „Tiny, Wealthy Qatar Goes Its Own Way, and Pays for It“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2021-07-11.
  18. „Focus turns to domestic policy under Qatar's new emir“. The National. Архивирано од изворникот на 8 December 2015. Посетено на 30 July 2015.
  19. „Qatar sets Oct. 2 for first legislative elections“. Reuters (англиски). 2021-08-22. Посетено на 2021-08-23.
  20. „Analysis | Qatar's first elected parliament may have more power than other Persian Gulf legislatures. Here's why“. Washington Post (англиски). 14 October 2021. ISSN 0190-8286. Посетено на 2021-11-07.
  21. Mills, Andrew; Barrington, Lisa (2021-10-03). „Qatar's first legislative elections see 63.5% voter turnout“. Reuters (англиски). Посетено на 2021-11-07.
  22. „Controversy in Qatar over electoral law's exclusion of tribe - Al-Monitor: The Pulse of the Middle East“. www.al-monitor.com (англиски). Посетено на 2021-11-11.
  23. „Qatar: Election Law Exposes Discriminatory Citizenship“. Human Rights Watch (англиски). 2021-09-09. Посетено на 2021-11-11.
  24. „Qatar emir pledges 'equal citizenship' after vote controversy“. gulfnews.com (англиски). 26 October 2021. Посетено на 2021-11-11.
  25. „Amir Tamim orders 'legal amendments' to promote equality among Qataris at first Shura Council session“. Doha News | Qatar (англиски). 2021-10-26. Посетено на 2021-11-11.
  26. Indrani Bagchi (25 March 2015). „Qatar has big investment plans for India“. Times of India. Архивирано од изворникот на 1 April 2015. Посетено на 6 December 2015.
  27. „Modi holds bilateral with Qatar Emir, meets other leaders“. Outlook (англиски). 2019-09-23. Посетено на 2021-01-19.
  28. 28,0 28,1 Coates Ulrichsen, Kristian (1 August 2013). „Foreign policy implications of the new emir's succession in Qatar“ (PDF). Norwegian Peacebuilding Resource Centre. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 September 2015. Посетено на 30 July 2015.
  29. „Qatar Amir: Denial of Freedom Led Arab Youth to Terrorism“. Georgetown University. 27 February 2015. Архивирано од изворникот на 4 August 2015. Посетено на 4 August 2015.
  30. Fatiha Dazi-Héni (9 May 2014). „Qatar's Regional Ambitions and the New Emir“. Middle East Institute. Архивирано од изворникот на 16 September 2015. Посетено на 4 August 2015.
  31. David D. Kirkpatrick (5 March 2014). „3 Gulf Countries Pull Ambassadors From Qatar Over Its Support of Islamists“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 7 September 2015. Посетено на 6 December 2015.
  32. al-Ziabi, Jamil (2015-02-22). „Qatari FM: We do not support the Muslim Brotherhood“. Al-Monitor (англиски). Посетено на 2021-01-23.
  33. „Mohammed Morsi: Egypt's former president given life in spying case“. BBC News. 18 June 2016. Архивирано од изворникот на 30 August 2018. Посетено на 19 June 2016.
  34. Hendawi, Hamza (18 June 2016). „Egyptian court sentences 2 Al-Jazeera employees to death“. Associated Press. Архивирано од изворникот на 30 September 2017. Посетено на 30 September 2017.
  35. „Egypt and Qatar have 'agreed to resume diplomatic relations'. Aljazeera.com (англиски). 2021-01-20. Посетено на 2021-12-02.
  36. „Qatar names ambassadors to Egypt and Libya, says emir's office“. Reuters (англиски). 2021-07-29. Посетено на 2021-09-05.
  37. „Egypt's Sisi and Qatar's Tamim meet for the first time since reconciliation“. Reuters (англиски). 2021-08-28. Посетено на 2021-09-05.
  38. Krause-Jackson, Flavia; Gaouette, Nicole (25 September 2012). „Qatari Leader Calls for Arab-Led Intervention in Syria“. Bloomberg Business. Архивирано од изворникот на 24 September 2015. Посетено на 4 August 2015.
  39. „Emir of Qatar: 'We will continue to support efforts to hold war criminals in Syria accountable'. Middle East Monitor (англиски). 2020-09-24. Посетено на 2021-02-10.
  40. Ignatius, David (12 May 2015). „A new cooperation on Syria“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на 16 August 2015. Посетено на 4 August 2015.
Тамим бин Хамад ел Тани
Роден(а): 3 June 1980
Владејачки титули
Претходник
Хамад бин Калифа ел Тани
Емир на Катар
2013–денес
На должноста
Заменик емир:
Абдула бин Хамад Ал Тани