Шеик
Изглед
Шеик или шајк (арапски:شيخ; множина:شيوخ), меѓу арапските племиња, особено Бедуините, е машка глава на семејството, како и на секоја од општествените групи кои ја сочинуваат племенската структура. На шеикот обично му помага неформален племенски совет составен од постари мажи. Во рамките на пошироката заедница која зборува арапски, зборот, исто така, може да се користи како титула или форма за обраќање која означува почит или религиозен авторитет. Неговото значење може да варира од регион во регион.[1] Зборот исто така се користи и за маж кој има над 40 години.
Шеикот како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Шеик“ (англиски: The Sheik) - американски филм од 1921 година, во режија на Џорџ Мелфорд (George Melford).[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2006, Книга 10, стр. 238
- ↑ IMDb, The Sheik (1921) (пристапено на 1.4.2020)