Судските процеси во Пиринскиот дел на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Парапунов

Судските процеси во Пиринскиот дел на Македонија (1933 година ― ?) ― процеси на бугарските судови против борци за македонските национални права и интереси.[1]

1933 година[уреди | уреди извор]

Во 1933 година во Разлог бил одржан судски процес на кој им се судело на македонските револуционери: Никола Парапунов, Крсто Стојчев, Костадин Лагадинов и на припадниците на ВМРО (Обединета).

Иван Козарев

1936 година[уреди | уреди извор]

Во 1936 година, во Софија и во Неврокоп на големите судски процеси припадниците на ВМРО (Обединета) јавно ја искажале својата македонска национална припадност.[1]

1941-1944 година[уреди | уреди извор]

Во времето на Втората светска војна, на неколку судски процеси, во отсуство, на смрт биле осудени Никола Парапунов, Иван Козарев, Никола Калапчиев и други Македонци антифашисти. Во 1942 година во Софија и во Горна Џумаја биле осудени на смрт Никола Вапцаров, Антон Попов, Атанас Романов, Гроздан Николов, Станке Лисичков и Владо Чимев.

1947 година[уреди | уреди извор]

Групата на Дукимов, биле уапсени на 13 октомври 1947 г. во Неврокопско. Планот на оваа група бил да водат борба против ОФ Бугарија за откинување на Пиринска и Вардарска Македонија и за издвојување на една независна македонска држава под заштитата на Англија и Америка. Себеси сѐ декларирале за Македонци. Бугарската власт ги етикетирала како ванчомихајловисти, што вопшто не било реален приказ за групата.[2]

Осудени биле:[3]

1949 година[уреди | уреди извор]

На судските процеси по Резолуцијата на Информбирото (1949 година) бугарските судови им суделе на делегатите на Првото заседание на АСНОМ: Васил Василев и Атанас Великов Атанасов. На други судски процеси, во истата година, биле изречени 3 доживотни и повеќегодишни затворски казни.

1958 година[уреди | уреди извор]

Во 1958 година на повеќегодишни казни биле осудени Стојан Георгиев-Томовичин, Кирил Рушкин, Борис Прегов, Ѓорги Поп-Атанасов и др.

1974 година[уреди | уреди извор]

Во 1974 година биле осудени Сократ Маркилов, Пандо Илиев, Илија Кочев, Стојан Георгиев-Томовичин и др. Во седумдесеттите и осумдесеттите години биле осудени Јордан Костадинов (бивш претседател на ОМО „Илинден“) и други Македонци борци за национални права.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 1457. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.
  2. Стојков, Стојко (2016). ГЛАСНИК год.60 бр.1 (PDF). Скопје: ИНИ. стр. 241–242. Недостасува |author1= (help)
  3. Дукимов, Георги Сотиров (1999). Една идеја, еден живот. Гоце Делчев. стр. 22.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]