Сува Река (Скопска)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сува Река
Сува Река (Македонија).jpg
Течението на реката веднаш крај крстосницата на патот кон Осинчани и Патишка Река
Местоположба
ДржаваМакедонија Македонија
ОпштинаCoat of arms of Sopište Municipality.svg Сопиште
СелоДржилово, Јаболци
Физички особености
Извор 
 • местом.в. Присој кај Држилово
Устие 
 • место
м.в. Гореница кај Маркова Сушица
Должина12 км
Особености на сливот
ТечениеМаркова РекаВардарЕгејско Море

Сува Река — река, суводолица во Македонија, која протекува југозападно од градот Скопје. Како што укажува и нејзиното име таа претставува суводолица, која има постојан и висок водостој за време на топењето на снеговите на Караџица во текот на пролетните месеци, кога таа течејќи на неколку места го преплавува асфалтниот пат кон околните села, а вода има и за време на врнежи, додека во летниот период нејзиното корито е целосно суво. Според записите на македонскиот револуционер Ѓорче Петров во книгата Материјали по изучувањето на Македонија, Сува Река настанува со составувањето на 2 потока: од самата Сува Река и Патишка Река[1]. Првата започнува да тече во долот кој ја разделува Сува Гора (Скопска) од Рудина и ги собира водите од северозападниот крај на Каршијак[1]. Патишка Река започнува да тече на Црн Врв недалеку од езерата (Салаковски Езера, н.з.) и надолу слегува по длабокиот дол помеѓу Караџица и Ибраимица[1]. Двете се соединуваат на 1 час под селото Јаболци, а уште 1 час подолу под името Сува Река заедничките води се влеваат во Маркова Река од левата страна спроти село Варвара[1]. Како што покажува и самото име на реката, Сува Река е суводолица без посебен извор и без вода преку летото, но затоа кога дотекува таа е доста бујна и страшна[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (изд. 2016.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 196. ISBN 978-608-245-113-8.

Поврзано[уреди | уреди извор]