Стојан Петрески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стојан Петрески
Роден 1921 година
Козица, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1944 година
Раштани, Кичевско, Македонија
Националност Македонец

Стојан Мицков Петрески ( 1921 во Козица, Кичевско1944 во Раштани (Кичевско)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен обележје на сите борци од селото Козица кои загинале за слободата на Македонија. Меѓу нив е ѝ името на Стојан Петрески

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско сиромашно семејство, кое се занимавало со земјоделие. Стојан немал можност да се школува и по завршувањето на основното училиште, се занимавал со земјоделие. Согледувајќи го тешкиот живот и теророт на окупаторот, во летото 1944 година стапил во единиците на Народноослободителната војска на Македонија. Загинал кај селото Раштани во есента 1944 година во борба со балистите nри конечното ослободување на Македонија.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 100.