Стојан Аспровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стојан Аспровски
Роден18 октомври 1929
с. Оштима, Леринско, Грчка Република
Држава Социјалистичка Федеративна Република Југославија
РодКопнена војска
Служба1951–1991
Чингенерал полковник (1990–1991)
Целосен список на чинови
Заповедал со
  • пешадиски полк (1969–1973)
  • пешадиска дивизија (1975–1979)
  • Републички штаб за територијална одбрана на СР Македонија (1985–1991)
ОдликувањаЦелосен список на одликувања

Стојан Аспровски (18 октомври 1929 во с. Оштима, Леринско) — македонски воен генерал.

Животопис[уреди | уреди извор]

Стојан Аспровски е роден на 18 октомври 1929 година во леринското село Оштима, тогаш во Грчката Република. Во септември 1944 година, кога има неполни 15 години, при крајот на Втората светска војна станува македонски односно југословенски партизан, приклучувајќи се на Костурскиот баталјон на Првата егејска ударна бригада.

По војната го дозавршува своето образование. Во 1947 година, кога е на околу 18-годишна возраст, е одликуван со Медал за храрбост и Медал за заслуги за народ. По завршувањето на образованието во 1951 година е произведен во чин потпоручник и е поставен за командир на вод. Од гарнизонот во Бјеловар, НР Хрватска, во 1957 година е испратен во Синај во Египет, каде што од мај до ноември учествува во United Nations Emergency Force (UNEF), меѓународна мировна мисија на Организацијата на обединетите нации (ООН), лансирана поради Суецката криза.

Јас презедов должност командир на извиднички вод на границата меѓу Египет и Израел и бевме сместени во близина на Газа. Имав околу 35 војници. Нашата мисија се состоеше од патролирање по демаркационата линија со патроли, а имавме и набљудувачница... Потоа мене ме распоредија кај Рахаф, па кај Ел Кунтила и на крајот кај Рас ел Накб во Акапскиот Залив...“[1]

Во 1959 година е поставен на должност во Втората управа на Генералштабот на ЈНА, каде што е на служба до 1968 година. Од 1961 до 1966 година е началник на група за криптозаштита во управата. Во меѓувреме, во 1966 година завршува висока воена академија. Од 1966 до 1968 година е референт во аналитичкото одделение на управата. Во 1968 е преместен во пешадиски полк, каде што до 1969 година е началник на штаб на полкот. Од 1969 до 1973 година е командант на полкот. Во меѓувреме, во 1971 година завршува школа за национална одбрана. Од 1973 до 1975 година е началник на штаб на пешадиска дивизија, а од 1975 до 1979 година е командант на дивизијата. Од 1979 до 1982 година е началник на Воената академија на Копнената војска на ЈНА. Во 1982 година е поставен за началник на Републичкиот штаб за територијална одбрана на СР Македонија. Од 1985 до 1991 година е командант на републичкиот штаб за територијална одбрана.[2]

Чинови[уреди | уреди извор]

  • потпоручник (1951–1955)
  • поручник (1955–1959)
  • капетан (1959–1962)
  • капетан прва класа (1962–1965)
  • мајор (1965–1969)
  • потполковник (1969–1973), вонредно унапреден
  • полковник (1973–1978), вонредно унапреден
  • генерал мајор (1978–1985)
  • генерал потполковник (1985–1990)
  • генерал полковник (1990–1991)

Одликувања[уреди | уреди извор]

  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Медал за храброст (1947)
  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Медал за заслуги за народ (1947)
  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Медал за воени вештини (1953)
  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Орден за воени заслуги со сребрени мечеви (1958)
  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Орден на Народната армија со сребрена ѕвезда (1967)
  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Орден за воени заслуги со златни мечеви (1971)
  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Орден на Народната армија со златна ѕвезда (1976)
  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Орден на Југословенското знаме со златен венец (1982)
  • Социјалистичка Федеративна Република Југославија Орден на Народната армија со ловоров венец (1987)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Додевски, Сашо (2013). „Учеството на Македонија во мировната мисија на Организацијата на обединетите нации во Египет (1956 – 1967)“. Гласник. Скопје: Институт за национална историја (1–2): 143.
  2. Стојановски, Мирослав; Стојаноски, Борис (2017). Воени генерали од Македонија (1943-2017). Скопје: Клуб на генерали на Република Македонија. стр. 52–55. ISBN 978-608-65955-2-4.