Воена академија на Копнената војска на Југословенската народна армија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Воена академија на Копнената војска на Југословенската народна армија (српскохрватски: Војна академија Копнене војске Југословенске народне армије; скратеница ВАКоВ ЈНА) — високошколска и научна установа на ЈНА за школување на старешинскиот кадар за должностите командир на вод и на чета (батерија). Воената академија е основана на 21 ноември 1944 година како Воена академија на Демократска Федеративна Југославија. До 1964 година го носела името Воена академија на ЈНА, а од 1975 до 1979 година Воена академија на родовите на Копнената војска и на интендантските служби. Школувањето во воената академија траело четири години, а воспитаниците можеле да изберат од следниве насоки: пешадија, артилерија, оклопни единици, противвоздушна одбрана, инженерство, врски, АБХО, интендантски и санитетски служби. На академијата биле примани лица со завршено средно образование односно со завршено средно воено училиште. Воената академија била дел од Центарот на високите воени училишта на ЈНА „Маршал Тито“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Војни лексикон. Београд: Војноиздавачки завод ЈНА. 1981.