Прејди на содржината

Средец (град)

Координати: 42°20′41.84″N 27°10′54.24″E / 42.3449556° СГШ; 27.1817333° ИГД / 42.3449556; 27.1817333
Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења, видите Средец.
Средец
Средец
град
Зградата на општина Средец
Зградата на општина Средец
Средец is located in Бугарија
Средец
Средец
Местоположба на Средец во Бугарија
Координати: 42°20′41.84″N 27°10′54.24″E / 42.3449556° СГШ; 27.1817333° ИГД / 42.3449556; 27.1817333
ЗемјаБугарија
ОбластБургас
ОпштинаСредец
Управа
 • ГрадоначалникИван Жабов (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна63,216 км2 (24,408 ми2)
Надм. вис.&1000000000000004700000047 м
Население (2022)
 • Вкупно8,643
 • Густина140/км2 (350/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код8300
Повик. бр.+359 05551
Мреж. местоsredets.bg

Средец (бугарски: Средец) — град во Југоисточна Бугарија, административен центар на општината Средец во Бургаската Област. Има население од околу 8.643 жители (2022).[1]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на десниот брег на Средецката река во близина на Мандренското Езеро во подножјето на Странџа, 30 километри југозападно од областниот центар Бургас.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првпат населбата се споменува во патопис во 1595 година под името Карабунар, што на турски значи „црн бунар“. Во 1651 година Евлија Челебија во своите патописи напишал дека во Карабунар имало каравансарај (хан) со харем, простор за камили и за 3.000 добиток. Во 1713 година, шведскиот крал Карл XII ја поминал ноќта во гостилницата Карабунар на пат за Цариград. Во 1762 година, селото Карабунар имало 600 куќи и било меѓу најголемите села во областа.[2] Таму во периодот 1792-1793 година предавал поп Стојко Владиславов (Софрониј Врачански).[3] Поради епидемија на чума во 1795-1796 година, селото се намалило и останале само 150 куќи. Крдџалиските разбојници на Кара Фаизи ја ограбиле и запалиле целата населба во 1800 година.[4] По руско-турската војна од 1828-1829 година, според потпишаниот мировен договор од Одрин, повеќе од 70 семејства од Карабунар емигрирале во Бесарабија. Во 1858 година со султански ферман била изградена црквата „Сите Свети“ на местото на стара црква. Во 1868 година низ Карабунар минува Васил Левски. На 16 февруари 1878 година селото било ослободено. Во 1934 година било преименувано во Средец, а во 1960 година добило статус на град.

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Руджер Йосип Бошкович, „Дневник на едно пътуване“, Издателство на Отечествения фронт, София, 1975, с. 34
  3. Врачански, Софроний. „Житие и страдания грешнаго Софрония
  4. Мутафчиева, Вера (2008). Кърджалийско време. Пловдив: Издателска къща „Жанет 45“. стр. 239–240. ISBN 978-954-491-452-3. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]