Софрониј Врачански
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Свети Софрониј Врачански (бугарски: Софроний Врачански; 1739–1813), познат и со своето световно име поп Стојко Владиславов, а подоцна Врачански епископ, е бугарски народен просветител, духовник и прв следбеник на делото на Св. Паисиј Хилендарски. Во почетокот на 19 век тој е приман од руската и романската влада за основен претставник на бугарската заедница.
Автор е на зборникот „Неделник“ - првата печатна книга на новобугарски јазик. Канонизиран е за светец од Бугарската православна црква со писмен акт на патријарх Кирил во 1964 г.[1] Неговата автобиографија, "Житие и страданија грешнаго Софронија" (ок. 1804 г.), е првата автобиографија пишана на бугарски јазик. Автор е на на првиот препис на Паисиевата "Историја словенобугарска".
Извори[уреди | уреди извор]
- ↑ Радев, Иван (2007). История на българската литература през Възраждането. Велико Търново: Абагар. стр. 104. ISBN 978-954-427-758-1. Укажано повеќе од еден
|authorlink=
и|author-link=
(help); Укажано повеќе од еден|ISBN=
и|isbn=
(help)
Надворешни препратки[уреди | уреди извор]
- „Кириакодромион, сиреч Неделник“
- Софрониев препис Архивирано на 21 јануари 2015 г. на „Историја славовенобугарска“
- Житие и страдања грешного Софрония (полн текст)