Прејди на содржината

Список на загрозени јазици во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ова е список на загрозени јазици во Македонија. Податоците во списокот на загрозени јазици е според Атласот на УНЕСКО за светските загрозени јазици. Според УНЕСКО, во Македонија има 7 загрозени јазици.

Степен на загрозеност

[уреди | уреди извор]

УНЕСКО ја утврдила следната скала на загрозеност на јазиците[1]:

  • ранлив;
  • дефинитивно загрозен;
  • сериозно загрозен;
  • критично загрозен;
  • исчезнат.
  • О — оживеан јазик

Загрозени јазици

[уреди | уреди извор]

Загрозените јазици во Македонија се[1]:

јазик јазично семејство население во Македонија регион степен на загрозеност
адигејски јазик северозападни кавкаски јазици н.п. Повардарие, Источна Македонија ранлив (општо гледано како јазик),а во Македонија најверојатно е исчезнат[2].
влашки јазик индоевропски јазици 6.884 според пописот од 2002[3] Крушево, Пелагонија, Источна Македонија дефинитивно загрозен
балкански гагауски јазик туркиски јазици <4.000 според Ethnologue[4] Битола, Куманово сериозно загрозен
ладино индоевропски јазици <200 Скопје, Битола сериозно загрозен
мегленоромански јазик индоевропски јазици <2000 според Ethnologue[5] Јужна Македонија сериозно загрозен
ромски јазик индоевропски јазици 38.528 според пописот од 2002[3] воглавно во Скопје (Шуто Оризари), но и останатите поголеми градови во републиката. дефинитивно загрозен

Според УНЕСКО загрозени се и торлачките дијалекти, група македонски, бугарски и српски преодни дијалекти.

  1. 1,0 1,1 „Атлас на УНЕСКО на светските загрозени јазици“ (англиски). УНЕСКО. Посетено на 2012-08-15.
  2. Черкезите, Македонија и нивниот прогон од неа
  3. 3,0 3,1 „Македонски попис: јазик и религија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. Посетено на 2012-05-17.
  4. Ethnologue за балканскиот гагауски јазик
  5. Ethnologue за мегленороманскиот јазик

Поврзано

[уреди | уреди извор]