Јовица Тасевски - Етернијан: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 49: Ред 49:
{{МакЛит}}
{{МакЛит}}


{{Нормативна контрола}}
{{DEFAULTSORT:Тасевски, Јовица}}
{{DEFAULTSORT:Тасевски, Јовица}}



Преработка од 23:25, 20 јуни 2015

Јовица Тасевски - Етернијан
Роден Јовица Тасевски
25 јули 1976
Скопје, Република Македонија
Занимање македонски поет, есеист, критичар и преведувач.

Јовица Тасевски - Етернијан (роден на 25 јули 1976 год. во Скопје, Република Македонија) е македонски поет, есеист, критичар и преведувач. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Работи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Уредник е на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ - Прилеп. Стручен советник е за македонска поезија во меѓународниот поетски проект „Други гласови“ - антологија на светската поезија која е вклучена во референтната листа (World Poetry Directory) на УНЕСКО.[1][2][3][4][5] Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, Британското поетско друштво (The Poetry Society)[6][7][8][9] и Светското поетско друштво.[10] Почесен член е Австралиското поетско друштво.[11][12][13][14] Ја има добиено индиската поетска награда „Инчентин поет“ („Восхитувачки поет“) што се доделува за исклучителен придонес во современата поезија.[15]

Литературно творештво

  • „Нешто се слуша“ (поезија, 1995)
  • „Визии. Глагол“ (поезија, 1997)
  • „Веда“ (поезија, 1998)
  • „Постојното, плимата“ (книжевни критики, есеи и студии, 2000)
  • „Клатно“ (поезија, 2001)
  • „Небесни стражи“ (поезија, 2004)
  • „Посоки и огледи“ (книжевни критики, есеи и студии, 2006)
  • „Синтакса на светлината“ (поетски избор, том 91 во проектот „Македонска книжевност“, 2008)
  • „Синтаксис на светлината“ (поетски избор, препев на бугарски јазик, 2010)
  • „Syntax of the Light“ (поетски избор, препев на англиски јазик, 2011)
  • „Исход“ (поезија, 2012).[16]

Заедно со Маја Апостолоска го има составено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како специјален број на списанието Стремеж (11/12. 2000). Приредувач е и на антологијата на младата македонска поезија „Неидентификувана небесна дојка“ (2001).

Врз основа на неговата поезија, во 2005 година, во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ - Велес била изведена претставата „Небесни стражи“ во режија на Весна Димитровска.

Неговата поезија е застапена во повеќе антологии и преведена е на околу 15 јазици, како: англиски, француски, руски, полски, унгарски, романски, грчки, српски, хрватски и словенечки јазик.[17]

Надворешни врски

Извори

Предлошка:МакЛит