Осветленост: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Создадена страница со: [[Податотека:Lux meter.jpg|мини|десно|Луксометар за мерење на осветленоста на работното м... |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
[[Податотека:Lux meter.jpg|мини|десно|Луксометар за мерење на осветленоста на работното место.]] |
[[Податотека:Lux meter.jpg|мини|десно|Луксометар за мерење на осветленоста на работното место.]] |
||
Во [[фотометрија]]та, '''осветленоста''' (или '''осветление'''<ref>[http://rechnik.on.net.mk/#/recnik/mk-leksikon/лукс „лукс“] - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет</ref>) е вкупниот [[светлосен тек]] врз нешто, по единица [[површина]]. Ја изразува јачината на присутната [[светлина]], пондерирана за брановата должина со функцијата за светлосна јачина, а во склад со чувствителноста за блескавост на човечкото [[око]]. |
Во [[фотометрија]]та, '''осветленоста''' (или '''осветление'''<ref>[http://rechnik.on.net.mk/#/recnik/mk-leksikon/лукс „лукс“] - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет</ref>) е вкупниот [[светлосен тек]] врз нешто, по единица [[површина]]. Ја изразува јачината на присутната [[светлина]], пондерирана за брановата должина со функцијата за светлосна јачина, а во склад со чувствителноста за блескавост на човечкото [[око]]. Слична на неа е '''светлосната излезност''' е светлосниот тек по единица површина што го оддава некоја површина. |
||
Во [[изведени SI единици]], оваа величина се изразува во [[лукс]]и (lx) или [[лумен]]и на [[квадратен метар]] ([[кандела|cd]]·[[стерадијан|sr]]·[[метар|m]]<sup>−2</sup>). Во застарениот систем [[СГС]], единица за осветленост е [[фот]], еднаква на 10 000 лукса. За истата намена во [[фотографија]]та се среќава и неметричката единица [[стапка-кандела]].<ref>[http://www.unitconversion.org/unit_converter/illumination.html Еден фот = 929,030400001 стапки-кандели]</ref> |
Во [[изведени SI единици]], оваа величина се изразува во [[лукс]]и (lx) или [[лумен]]и на [[квадратен метар]] ([[кандела|cd]]·[[стерадијан|sr]]·[[метар|m]]<sup>−2</sup>). Во застарениот систем [[СГС]], единица за осветленост е [[фот]], еднаква на 10 000 лукса. За истата намена во [[фотографија]]та се среќава и неметричката единица [[стапка-кандела]].<ref>[http://www.unitconversion.org/unit_converter/illumination.html Еден фот = 929,030400001 стапки-кандели]</ref> |
Преработка од 06:08, 1 декември 2011
Во фотометријата, осветленоста (или осветление[1]) е вкупниот светлосен тек врз нешто, по единица површина. Ја изразува јачината на присутната светлина, пондерирана за брановата должина со функцијата за светлосна јачина, а во склад со чувствителноста за блескавост на човечкото око. Слична на неа е светлосната излезност е светлосниот тек по единица површина што го оддава некоја површина.
Во изведени SI единици, оваа величина се изразува во лукси (lx) или лумени на квадратен метар (cd·sr·m−2). Во застарениот систем СГС, единица за осветленост е фот, еднаква на 10 000 лукса. За истата намена во фотографијата се среќава и неметричката единица стапка-кандела.[2]
Осветленоста порано се нарекувала блескавост, но ова води до забуна. Блескавоста не е количински подобна за изразување на величини во науката, туку погодна за изразување на психиолошката чувствителност на светлина кај луѓето.
Поврзано
Наводи
- ↑ „лукс“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
- ↑ Еден фот = 929,030400001 стапки-кандели
- Библиотека на единици и константи: Количина на осветленост (англиски)
- Претворање на единици за осветленост (англиски)
External links
- Проценка на сјајноста и осветленоста со експозиметарот на фотоапаратот - Kodak (англиски)
Величина | Симбол[б 1] | SI-единица | Симбол | Димензија | Белешки | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Светлосна енергија | Qv [б 2] | лумен-секунда | lm⋅s | T⋅J | единицата е наречена и „талбот“ | |||
Светлосен тек | Φv [б 2] | лумен (= cd⋅sr) | lm | J | наречен и „светлосна моќ“ | |||
Светлосна јачина | Iv | кандела (= lm/sr) | cd | J [б 3] | основна SI-единица, светлосен тек по единица просторен агол | |||
Блескавост | Lv | кандела на квадратен метар | cd/m2 | L−2⋅J | единиците се наречени и „нити“ | |||
Осветленост | Ev | лукс (= lm/m2) | lx | L−2⋅J | за светлина врз површина | |||
Светлосна излезност | Mv | лукс (= lm/m2) | lx | L−2⋅J | за светлина израчена од дадена површина | |||
Светлосна изложеност | Hv | лукс-секунда | lx⋅s | L−2⋅T⋅J | ||||
Густина на светлосна енергија | ωv | лумен-секунда на кубен метар | lm⋅s⋅m−3 | L−3⋅T⋅J | ||||
Светлосна делотворност | η [б 2] | лумен по ват | lm/W | M−1⋅L−2⋅T3⋅J | сооднос на светлосниот тек со зрачниот тек | |||
Поврзано: SI · Фотометрија · Радиометрија |
- ↑ Стандардизационите организации препорачуваат фотометриските величини да се бележат со наставката v (знач. „визуелна“) за да нема забуни со радиометриските и фотонските величини.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Се јавуваат и други симболи: W за светлосна енергија, P или F за светлосен тек, и ρ или K за светлосна делотворност.
- ↑ Системот SI препорачува употреба на „J“ како симбол на димензијата на светлосната јачина.