Ерменци во Македонија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 20: Ред 20:


}}
}}
'''[[Ерменци]]те во [[Македонија]]''' претставуваат помала етничка заедница која брои околу 300 луѓе<ref name="A"/>.
'''[[Ерменци]]те во [[Македонија]]''' претставуваат помала етничка заедница која брои околу 300 луѓе<ref name="A"/>. Но, само уште мал број од нив го зборуваат ерменскиот јазик. Се работи воглавно за западната варијанта на ерменскиот јазик, која ја зборувале Ерменците од територијата на денешна Турција или пак уште нарекуван „ерменски јазик на дијаспората„.


==Историја==
==Историја==

Преработка од 12:11, 5 септември 2011

Македонски Ерменци
Вкупен број на населението

300[1]

Региони со значително население
Скопје, Штип
Јазици
Ерменски, Македонски, Руски
Религии
Ерменско православие, Македонско православие

Ерменците во Македонија претставуваат помала етничка заедница која брои околу 300 луѓе[1]. Но, само уште мал број од нив го зборуваат ерменскиот јазик. Се работи воглавно за западната варијанта на ерменскиот јазик, која ја зборувале Ерменците од територијата на денешна Турција или пак уште нарекуван „ерменски јазик на дијаспората„.

Историја

Ерменските заедници на територијата на денешна Македонија, се следat уште од средниот век, преку бројни документи, патеписни записи од странски патници кои престојувале или минувале низ градовите каде покрај другото население живееле и Ерменци. Економската моќ создала и услови за оформување на поголема ерменска заедница кон крајот на 18, а особено во текот на 19 век, кога одреден број на Ерменци се школувале на Универзитетите во Венеција, Виена, Лајпциг па се вратиле во Македонија како познати лекари, апотекари, професори. Тие всушност биле на некој начин дел од нуклеусот на интелектуалците во градовите во Македонија каде живееле. Поголем бран на доселување на Ерменците е забележан кон крајот на 19 и почетокот на 20 век по егзодусот на Ерменците, особено по 1915 година, кога во Скопје се зголемува Ерменската заедница, додека се забележани помали во Тетово, Штип, Прилеп, Кочани и др. Според пописот во 1929 година само во Скопје имало 438 Ерменци.[2], додека во 1935 имало 443.[3]

Денес, Ерменската заедница брои околу 110 семејства, или 300 поединци, кои еднакво ја негуваат ерменската традиција и култура. Во Македонија функционира здружение на Ерменците, кое има за цел да отвори т.н. саботно училиште за ерменски јазик. Секоја година на 24 април се одржува панихида во Соборниот храм во чест на геноцидот над Ерменците во 1915 година, со што им се оддава почит на загинатите Ерменци. Во 2008 постоела и иницијатива за добивање на загарантира пратеничко место во Македонскиот Парламент.[4]

Значајни личности

Наводи

  1. 1,0 1,1 (ерменски) Մակեդոնիայի հայ համայնքը հոկտեմբերից կունենա հայկական շաբաթօրյա դպրոց in Armenians Today
  2. „Водич кроз Скопље и околину“, Скопље, 1937,38
  3. „Поглед у статистику Скопља за 1935 год.“, "Скопски Гласник" бр. 396, 1936 , 7.
  4. „И Ерменците бараат еден пратеник“. Вечер. петок, 14 ноември 2008. Посетено на 2011-02-21. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. 5,0 5,1 5,2 „Tavitjan Brothers-Macedonian Ethno Jazz“ (англиски). Meetup. 01.10.2010. Посетено на 3 February 2011. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. „КОСТА БАЛАБАНОВ, НАУЧНИК И ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА ЈАПОНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Тешкотиите се пребродуваат со оптимизам“ (macedonian). Matica na iselenicite. December, 31 2008. Посетено на 3 February 2011. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)