Цветко Узуновски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: sl:Cvetko Uzunovski
с r2.7.1) (Бот Додава: sr:Цветко Узуновски
Ред 21: Ред 21:
[[bg:Цветко Узуновски]]
[[bg:Цветко Узуновски]]
[[sl:Cvetko Uzunovski]]
[[sl:Cvetko Uzunovski]]
[[sr:Цветко Узуновски]]

Преработка од 22:10, 1 април 2011

Цветко Узуновски

Цветко Узуновски - Абас (Царев Двор, Ресенско, 24 декември 1916 - Скопје, 1994) е македонски комунист, учесник во НОБ и истакнат комунистички функционер по ослободувањето.

Пристапува кон комунистичкото движење во 1934 година. Во јуни 1937 година пристигнува во Шпанија каде до 1939 година учествува во Шпанската граѓанска војна. По падот на Шпанската република, Узуновски е во концентрационен логор во Франција до 1941 година.

Во септември 1941 година станува член на Покраинскиот воен штаб на Македонија. Кон крајот на мај 1942 година влегува во составот на Привремениот покраински комитет на КПЈ за Македонија. При формирањето на Комунистичката партија на Македонија во март 1943 година е избран за член на нејзиниот прв Централен комитет. Од пролетта 1943 година е политички комесар на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Член е на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Делегат е на Второто заседание на АВНОЈ. Учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое е избран за член на неговиот Президиум.

По ослободувањето беше прв началник на УДБА, а од 1946 до 1953 година е министер за внатрешни работи на НР Македонија. Од август 1953 година е началник на Управата за цивилна заштита во Државниот секретаријат за внатрешни работи на Југославија, а од 1963 година е началник на Управата за народна одбрана во Државниот секретаријат за народна одбрана на Југославија.