Словенечки пасош

Од Википедија — слободната енциклопедија
  • Словенечки пасош
  • Slovenski potni list
Предната корица на современ словенечки биометриски пасош (со чип )
Предната корица на современ словенечки биометриски пасош (со чип )
Воведен 1 октомври 1991
28 август 2006 (биометриски пасош)
12 декември 2016 (тековна верзија)
Издава  Словенија
Тип Пасош
Намена Идентификација
Услови за добивање Словенечка националност

Словенечки пасоши (словенечки: slovenski potni list) ― лични документи кои се издавани на државјани на Словенија за да им се олесни меѓународното патување. Секој словенечки граѓанин е и државјанин на Европската Унија.Пасошот, заедно со националната лична карта овозможува слободни права на движење и престој во која било од државите на Европската унија, Европската економска област и Швајцарија, како резултат на правото на слободно движење и престој дадено во член 21 од Договорот за ЕУ.[1]

Словенечката лична карта важи и за патување во повеќето други поранешни југословенски републики: Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија.

Физички изглед[уреди | уреди извор]

Словенечките пасоши Архивирано на 6 октомври 2022 г. се со иста бургундска боја како и другите европски пасоши, со словенечкиот грб исцртан во средината на предната корица. Зборовите evropska unija (македонски: Европска Унија) и republika slovenija (македонски: Република Словенија) се испишани над грбот и зборотpotni list (македонски: Пасош) е впишан подолу. Пасошите издадени во службено двојазични области на Словенија исто така имаат италијански или унгарски текст под словенечкиот. Овие се unione europea,repubblica di slovenia и passaporto на италијански и európai unió,szlovén köztársaság иútlevél на унгарски. Словенечките пасоши го имаат стандардниот биометриски симбол на дното и го користат стандардниот дизајн на ЕУ.

Барања за виза[уреди | уреди извор]

Земји и територии со безвизен влез или визи при пристигнување за иматели на словенечки пасоши.
  Словенија
  нема потреба за виза
  Слобода на движење
  Виза при пристигнување
  еВиза
  Виза е достапна и при пристигнување или семрежно
  Потребна е виза пред пристигнувањето

Од јануари 2023 година, словенечките граѓани имале безвизен или визен пристап при пристигнување во 182 земји и територии, што го рангирал словенечкиот пасош на 11-то место во однос на слободата на патување (исто место со унгарскиот, латвискиот, литванскиот и словачкиот пасош) и највисок ранг на поранешните држави Југославија, според Пасошкиот индекс на Хенли.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Treaty on the Function of the European Union (consolidated version)
  2. „Global Ranking - Passport Index 2019“ (PDF). Henley & Partners. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-03-31. Посетено на 27 ноември 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]