Славка Манева
| Славка Манева | ||
| Родена | 2 февруари 1934
Скопје, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
|---|---|---|
| Починала | 8 јануари 2010 (возр. 75) Скопје, Македонија | |
| Националност | Македонка | |
| Народност | Македонка | |
| Занимање | наставничка | |
Славка Манева (Скопје, 2 февруари 1934 - Скопје, 8 јануари 2010[1]) — македонска писателка.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Манева е родена во Скопје на 2 февруари 1934. Завршила студии по книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Работела како професор по македонски јазик и книжевност во гимназиите „Цветан Димов“ и „Јосип Броз Тито“ во Скопје.[3] Починала во Скопје на 8 јануари 2010 година.[1].
Творештво
[уреди | уреди извор]Манева пишувала поезија и проза за деца. Таа ги објавила следниве дела:[4]
- „Свирипиле“ (раскази за деца),
- „Џиџа“ (сказни),
- „Камчето на сакањето“ (сказна),
- „Волшебниот лифт“ (сказни),
- „Готварски сказни“ (раскази за деца),
- „Виножитото што пее“ (сказна),
- „Од дедо Марковото торбуле“,
- „Приказни без крај“ (сликовница),
- „Куќата на божилакот“
- „Ѕвездени перничиња“ (сказни).
Во библиотеката „Јунаци и јунаштва“ биле објавени нејзните книги „Кирил Пејчиновиќ“ и „Климент Охридски“. Покрај тоа, Манева ја има подготвено и преведено антологијата на детскиот расказ „Децата на светот“. Преведувана е на српски, турски, албански, руски, бугарски, полски, ерменски, грузиски и литвански јазик. Застапена е во повеќе антологиски избори во Македонија. За книгата „Ѕвездени перничиња“, таа ја добила наградата „Ванчо Николески“ за 1996 година, што ја доделува друштвото на писатели во Македонија.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Последен збор Славка Манева“. Утрински Весник. 9 јануари 2010. Посетено на 2010-01-10.
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 149.
- ↑ Славка Манева, Ѕвездени перничиња (второ издание). НИП „Студентски збор“, Скопје, 1998.
- ↑ Славка Манева, Ѕвездени перничиња (второ издание). НИП „Студентски збор“, Скопје, 1998.
- ↑ Славка Манева, Ѕвездени перничиња (второ издание). НИП „Студентски збор“, Скопје, 1998.
|