СУ „Јосип Броз Тито“ - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија

СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“

Место
Општина: Центар
Место: Скопје
Адреса: ул. „Димитрија Чуповски“ б.б.
Основни информации
Директор: Силвана Кржовска
Контактни информации
Портал josipbroztito.edu.mk

на Град Скопје Гимназија „Јосип Броз – Тито“ — средно училиште во Скопје, Општина Центар.

Основање и развој[уреди | уреди извор]

Основањето на гимназијата започнало со решение на Президиумот на АСНОМ и назначувањето на писателот и академик Васил Иљоски за прв директор (1.XII.1944). Наскоро биле назначени и првите 29 наставници (јануари 1945), а на 1 февруари 1945 г. започнала и работата на Првата скопска гимназија со вкупно 790 ученици во 23 одделенски паралелки. Непосредно по нејзиното основање, пак, на Третата седница на Наставничкиот совет на Првата скопска гимназија било решено таа да се именува со името на претседателот на ФНРЈ „Јосип Броз – Тито“. Оттогаш до денес таа и го задржа името на Јосип Броз – Тито како свој патрон.

Во првите три децении од основањето, гимназијата неколкупати го менувала објектот за сместување и локацијата, а на денешната локација, со своја училишна зграда, се наоѓа од 13 ноември 1972 г. до денес.

Во текот на своето постоење, гимназијата успева да ја докаже својата вредност како прва гимназиска образовна институција. Доказ за тоа се и бројните признанија и награди кои ги има добиено како колектив, признанијата за истакнати членови на професорскиот состав и бројни награди што учениците ги имаат освојувано на разните натпревари. Во прилог на ова може да се наведат неколку награди и признанија.

Во 1964 година, Гимназијата добива Спомен-плакета на Град Скопје, 1969 година, Ноемвриска награда, на крајот од учебната 1971/1972 година е на прво место на ранг-листата за средни училишта, а во 1975 година, претседателот на тогашната држава, Јосип Броз Тито, ја одликува Гимназијата со Орден на трудот со златна ѕвезда.

Директори[уреди | уреди извор]

Васил Иљоски (1944/45)

Нада Ачковска (1945/46)

Павле Даскалов (1946/47-1947/48)

Злата Ангелова (1948/49)

Вера Нацева Коробар (1949/50-1952/53)

Олга Мишиќ Соколова (1953/54-1954/55)

Јордан Димевски (1955/56-1964/65)

Васил Чипов (1965/66-1981/82)

Марика Христова вд. (1981/82-1982/83)

Благоја Петровски вд. (1984/85-1986/87)

Славка Арсова вд. (1986/87)

Петар Илиевски прив.упр. (1986/87)

Аџиевски Спасоје вд. (1986/87)

Јован Созовски (1987/88-1998/99)

Славица Сековска (1999/2000-2002/03)

Снежана Мироновска (2003/04-2012/13)

Драган Данев (2012/13-2013/14)

Татијана Стојанова-Дуева (2013/14-2018/19)

Силвана Кржовска (2018/19-до денес)

Тековни професори кои предаваат во ова училиште[уреди | уреди извор]

Македонски јазик и литература, Говорење и пишување, Компаративна книжевност, Драмска уметност:

Јасминка Видевска,

Ана Младеновска,

Вера Бојкикева,

Дијана Дерменџиева,

Душанка Ристова,

Елизабета Наумоска,

Емилија Величкова,

Каролина Јанчева,

Светлана Гачевиќ,

Слободанка Тодоровска

Турски јазик и литература:

Ајлин Карахасан,

Сејхан Зекир,

Сељда Идрис

Математика, Алгебра, Линеарна алгебра и геометрија, Математичка анализа:

Билјана Николовска,

Весна Ивановска,

Зоран Георгиев,

Ирена Танеска,

Катерина Божиновска,

Лидија Филиповска,

Славчо Ласковски-Забазновски,

Филиз Спахи

Англиски јазик:

Алмир Мељовиќ, Наст. Проф. Дв. м-р спец.

Јосип Стибел,

Александра Ѓурчиновска,

Бојана Јанчевска,

Васка Ангелковска-Савеска,

Гордијана Ѓоргова,

Маргарета Кушевска,

Марија Јаневска,

Маја Серафимовска Борозан,

Снежана Станковиќ,

Софија Костовска,

Ширин Шабан

Германски јазик:

Ана Дамеска,

Жозефина Томашевска,

Загорка Хаџи-Арсова,

Кристина Клиафа-Трпеска,

Лилјана Костовска,

Славица Несторовска

Француски јазик:

Мелек Имер,

Никола Терзитанов,

Павлина Качујаноска

Историја:

Даниела Арсова,

Драган Додевски,

Ирена Трајковска,

Исамедин Зејадин,

Тамара Петреска

Географија:

Емилија Трајковска,

Коле Павлов,

Салим Асани,

Силвана Кржовска

Физика:

Виолета Василевска,

Наташа Максимова,

Олга Сејменов,

Цветко Неделковски

Хемија:

Јанко Јанковски,

Александра Коруноска,

Ајџа Селман,

Ксенија Хаџи-Тосева Аврамчева,

Олгица Гавриловска,

Семиха Љама

Биологија:

Ивона Младенова,

Имер Карахасан,

Лидија Котеска,

Мирјана Богданоска,

Радмила Строиманова,

Славица Сековска

Информатика, Информатичка технологија, Програмски јазици:

Анкица Наумовска,

Оливер Николајевиќ,

Семра Шерифовска

Социологија:

Јане Бончаноски,

Сузана Тахир,

Цеца Ѓорѓиева

Спорт и спортски активности:

Владимир Бишкоски,

Владимир Поповски,

Гоце Ѓорѓиоски,

Маја Малцева,

Орхан Абди,

Слободан Јосифовски

Латински јазик:

Ема Андоновска

Италијански јазик:

Марта Горовска

Бизнис и претприемништво, Економија, Менаџмент:

Весна Црнеска Симовска,

Кристина Матеска,

Милена Јовевска,

Саит Алеиви

Филозофија:

Весна Талеска Узунова,

Слободанка Галеска,

Сузана Тахир,

Тања Стојковска

Вовед во правото:

Сузана Андреска

Етика:

Тања Стојковска

Логика:

Слободанка Галеска,

Сузана Тахир,

Тања Стојковска

Педагогија:

Делфина Серафимова

Психологија:

Кристина Атанасова

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]