Прејди на содржината

Синагога Ножик

Координати: 52°14′10″N 21°00′04″E / 52.23611° СГШ; 21.00111° ИГД / 52.23611; 21.00111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Синагога Ножик
Synagoga Nożyków
Основни податоци
МестоВаршава, Полска
Координати52°14′10″N 21°00′04″E / 52.23611° СГШ; 21.00111° ИГД / 52.23611; 21.00111
ПрипадностЈудаизам
Духовно-организациски статусактивна
Водстворабин Михаел Шудрих
Мреж. местоhttp://www.warszawa.jewish.org.pl
Архитектонски опис
Архитект(и)Карол Козловски
Архитектонски стилНеороманика
Завршен1902
Чинење250.000 рубли
Особености
Сместивост600

Синагога Ножик (полски: Synagoga Nożyków) — единствената преживеана еврејска синагога во Варшава, Полска. Таа била изградена во 1898-1902 и била обновена по Втората светска војна. Сè уште е во функција и во моментов во неа се наоѓа седиштето на Варшавската еврејска заедница како и други еврејски организации.

Историја

[уреди | уреди извор]

Пред Втората светска војна, Еврејската заедница Варшава, како една од најголемите еврејски заедници во светот во тоа време, имала над 400 синагоги. Меѓутоа, на крајот на 19 век само две од нив биле како посебни структури, додека останатите биле помали капели поврзани со училишта, болници или приватни домови.

Најраната Кружна синагога во околината на Прага служела на локалната заедница од 1839 година, додека Големата синагога (подигната во 1878 година) била изградена за реформираната заедница. Набргу потоа се појавила потреба да се изгради храм и за православното еврејство. Помеѓу 1898 и 1902 година, Залман Ножик, познат варшавски трговец, и неговата сопруга Рифка, ја финансирале изградбата на храмот.

Зградата била дизајнирана од познатиот архитект од Варшава, Карол Козловски, автор на салата на Варшавската филхармонија. Фасадата е во неороманика, со значајни нео-византиски елементи. Самата зграда е правоаголна, со внатрешна комора поделена на три патеки.

Синагогата била официјално отворена за јавноста на 26 мај 1902 година. Во 1914 година основачите ја донирале на Варшавската еврејска комуна. Во 1923 година зградата била реновирана од страна на Маурики Гродзински. Во септември 1939 синагогата била оштетена за време на воздушни напади. За време на Втората светска војна областа била дел од малото гето. По 1941 година Германците ја користеле зградата како штала и депонија.

Реставрација

[уреди | уреди извор]

По војната разрушената зграда била делумно реставрирана и се вратила на Варшавската Еврејска Комуна, но реконструкцијата не започнала до 1983 година. Во моментов таа е отворена за сите верници.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]