Сид и Ненси
„Сид и Ненси“ (англиски: Sid & Nancy) е британски филм од 1986 година, во режија на Алекс Кокс (Alex Cox). Главните улоги ги играат: Гери Олдман (Gary Oldman), Клои Веб (Chloe Webb), Дру Скофилд (Drew Schofield), Дејвид Хејман (David Hayman), Деби Бишоп (Debby Bishop), Тони Ландн (Tony London), Пери Бенсон (Perry Benson), Ан Лембтон (Anne Lambton) и Кети Бурк (Kathy Burke).[1]
Содржина[уреди | уреди извор]
Филмот го прикажува животот на познатиот панкер Сид Вишз (Sid Vicious), член на групата Секс пистолс. Вистинското име на Сид било Џон Сајмон Ричи (John Simon Ritchie), а тој потекнувал од татко-трубач кој ја оставил мајка му уште за време на бременоста. Мајка му на Сид, како припадничка на хипи-движењето, често одела на концерти и на музички фестивали при што со себе го водела и малечкиот син. Тој пораснал во источниот дел на Лондон во кој владееле дрогата и сиромаштијата. Кога имал 15 години го напуштил училиштето, а на седумнаесетгодишна возраст станал еден од најпознатите луѓе во Англија, познат како Сид Вишз (го игра Олдман), член на Секс пистолс. Кога ја запознава Американката Ненси Спанген (ја игра Веб), животот на Сид целосно се менува. Амбициозната Ненси извршила големо влијание врз него и го присилила повеќе да се ангажира и да добие позабележително место во групата. Нивната врска била одбележана со претерана употреба на дрога и алкохол така што морала да заврши трагично.
Наводи[уреди | уреди извор]
- Британски филмови
- Музички филмови
- Биографски филмови
- Филмови на Алекс Кокс
- Филмови со Клои Веб
- Филмови со Дру Скофилд
- Филмови со Дејвид Хејман
- Филмови со Деби Бишоп
- Филмови со Пери Бенсон
- Филмови со Кети Бурк
- Филмови со Гери Олдман
- Филмови на англиски јазик
- Филмови од 1986 година
- Филмови за музичари
- Филмови чие дејствие се одвива во Лондон