Сепфора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сепфора
Слика од Пјетро Перуџино, о. 1482 год. Сепфора е во сино[1]
Други имињаЦипора
НародностМадијамка
Занимањеовчарка
Познат(а) посопруга на Мојсеј
СопружникМојсеј
ДецаГирсам
Елиезер
РодителиЈотор
Роднинишест сестри

Сепфора (старогрчки: Σεπφώρα) или како Ципора (хебрејски: צִפּוֹרָה = „птица“) — сопругата на Мојсеј, која е споменета во библиската книга Исход; ќерка на Јотор, ​​месниот свештеник и водач на Мадијамците. Таа е мајка на двата Мојсееви сина: Гирсам и Елиезер.[2][3]

Во Библијата[уреди | уреди извор]

Сепфора била една од седумте ќерки на Јотор, месниот свештеник и водач на Мадијамците (полуномадски народ). Додека Евреите биле робови во Египет, Мојсеј убил египетски надзорник, кој удрил Евреин, за што бил осуден на смрт од страна на фараонот. Мојсеј морал да побегне од Египет во земјата на Мадијам (Исход 2:15).[4] Еден ден седел кај бунарот, каде што ќерките на Јотор ги донеле овците на нивниот татко. Се појавиле други овчари и ги истерале девојчињата за први да го напојат своето стадо. Мојсеј им помогнал на девојчињата — ги избркал овчарите и им го напоил нивното стадо. Кога девојчињата се вратиле дома, нивниот татко прашал:

Зошто толку брзо се вративте денеска?

Тие одговориле:[5]

Девојчињата: Некој Египќанин нè заштити од овчарите, та дури налеа вода за нас и им даде да пијат на [нашите] овци.

Јотор: Каде е тој? Зошто го оставивте така? Повикајте го, нека јаде леб со нас (Исх. 2:18–20).

После тоа, Мојсеј почнал да живее меѓу Мадијамците. Јотор му ја дал својата ќерка Сепфора, која му родила два сина — Гирсам и Елиезер. „Едно име е Гирсам, затоа што Мојсеј рекол: Јас сум странец во чудна земја; а другото име е Елиезер, бидејќи [тој рекол], Бог, помошникот на мојот татко, ме избави од мечот на фараонот“ (Исх. 18:3–4).[6] По смртта на египетскиот фараон, Бог го повикал Мојсеј да се врати во Египет. Мојсеј го започнал своето патување за Египет, земајќи ги со себе сопругата и децата. Едно од нејзините деца не било обрежано навремено, а потоа Господ, појавувајќи се на Мојсеј, му се заканил со смрт за такво прекршување на Законот. Потоа, Сепфора го обрежала со камен нож и го фрлила, обоен со свежа крв, пред нозете на Мојсеј со извикот: „Ти си за мене крвав младоженец“ (Исх. 4:24–26).[7] По излегувањето на Евреите од Египет, Јотор се сретнал со Мојсеј, доведувајќи ја и Сепфора, која претходно била вратена со синовите на Мојсеј (Исх.18:2).[6]

Темната кожа на Сепфора[уреди | уреди извор]

Уште едно споменување на Сепфора во Библијата (Бр. 12:1–15), кога Миријам и Арон (сестрата и братот на Мајсеј) го прекоруваат Мојсеј дека се оженил со „Етиопјанка“, односно жител на Куш или Нубија. Самите Мадијамци имале темна кожа и биле наречени „кушим“, хебрејски збор за луѓе со темна кожа. Античките и средновековните еврејски извори спорат дали Сепфора била кушитка. Јосиф Флавиј известувал дека кушитката станала сопруга на Мојсеј уште пред да избегала од Египет — тој се оженил со неа за време на Јужната воена кампања, како воен водач во египетската армија. Современите библиски истражувачи се согласуваат дека кушитката и Сепфора се две различни жени, бидејќи бигамијата била легална уште од времето на Јаков (патријарх на Израилците — еврејски народ). Сепак, некои истражувачи ја опишале Сепфора како кушитка со темна кожа.

Сепфора како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

  • Принцот од Египет“ — цртан филм (адаптиран од книгата Исход) од 1998 година. Сепфора е во глас на Мишел Фајфер.[8]
  • „Десетте заповеди“ — анимиран филм од 2007 година.[9]
  • „Исход: Богови и цареви“ — филм од 2014 година.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Harwood, Edith (1907). Notable pictures in Rome (англиски). J.M. Dent. стр. 6.
  2. Библија за млади: Стар и Нов завет ISBN 978-9-98983926-9
  3. Исход 18 | MK1990 Bible | YouVersion — децата на Мојсеј.
  4. Исход 2:15 — македонски превод.
  5. Исход 2 | MK2006D Библија | YouVersion — македонски превод.
  6. 6,0 6,1 Исход 18 | MK2006D Библија | YouVersion.
  7. Исход 4 | MK2006D Библија | YouVersion.
  8. The Prince of Egypt (1998) на Семрежната филмската база на податоци
  9. „The Ten Commandments“. Box Office Mojo. Посетено на 2021-08-08.
  10. „Exodus: Gods and Kings“. Box Office Mojo. Посетено на 2021-08-08.