Прејди на содржината

Саша Јанковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Саша Јанковиќ
Народен правобранител на Србија
На должноста
23 јули 2007 – 7 февруари 2017
Претходник нема
Наследник Зоран Пашалиќ
Лични податоци
Роден(а) 24 април 1970(1970-04-24)(54 г.)
Лозница, СФР Југославија
Националност Србин
Установа Белградски универзитет
Награди Француски орден за заслуги

Саша Јанковиќ (24 април 1970 во Лозница) — српски правник, новинар, активист за човекови права, и политичар кој работел како народен правобранител на Република Србија во периодот 2007–2017. Од функцијата се повлекол во февруари 2017 за да се кандидира на претседателските избори во Србија, на кои завршил втор со освоени 16.36% од важечките гласови.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Саша Јанковиќ е роден на 24 април 1970 во Лозница, дел од тогашна СФРЈ. Како млад се занимавал со спорт, најмногу со ракомет и карате, а повремено со стреличарство. Јанковиќ повремено го загубил српското државјанство за време на распадот на СФРЈ бидејќи неговиот татко е роден во Босна и Херцеговина, па српските власти го воделе како бегалец.[1] Тој служел во војската на Република Српска Краина за време на војната во Хрватска.[2] Јанковиќ дипломирал право на универзитетот во Белград во 1996, а во 2006 станал доктор за политички науки на факултетот во Белград. Во периодот 1994–1997 работел како новинар за новинската агенција „Бета“. Потоа се вработил како советник во министерството за спорт на српската влада, а во 2001 станал помошник на министерот за спорт.

Политичка кариера

[уреди | уреди извор]

На 29 јуни 2007 српското Собрание го именувало Јанковиќ за народен правобранител на Република Србија со мандат во времетраење од пет години.[3] На 4 август 2012 Собранието повторно го изгласало на истата функција со 167 гласови „за“ и без ниту еден глас „против“.[4] Јанковиќ влегол во судир со српскиот премиер Александар Вучиќ во 2014 кога истражувал инцидент во кој Андреј, брат на премиерот Вучиќ, бил натепан од полицијата за време на парада на гордоста во централниот дел на Белград. Кога Јанковиќ се обратил од собраниската говорница за инцидентот и рекол дека за него се одговорни од военото разузнавање, пратеници од владејачката Српска напредна партија вербално го нападнале и барале негова оставка.[5] Јанковиќ се повлекол од функцијата на 7 февруари 2017 за да може да се кандидира за претседател на Србија.[6] Неговата кандидатура ја поддржале над 100 јавни личности од Србија. На изборите освоил 16.36% од важечките гласови и завршил втор, позади премиерот Вучиќ.[7]

  1. „Saša Janković, prvi srpski zaštitnik građana (ombudsman) - Perfekcionista“. Blic. September 26, 2009. Посетено на March 2, 2017.
  2. Jelka Jovanović (March 2, 2017). „Intevju Saša Janković: Predsednik mora da bude kočnica populizmu“ (српски). Посетено на March 2, 2017.
  3. Stanković, T. (30 June 2007). „Zeleno svetlo za predizborna obećanja“ [Green light for pre-election promises] (српски). Danas. Архивирано од изворникот на 2017-02-20. Посетено на 15 December 2016.
  4. „Saša Janković ponovo izabran za zaštitnika građana“ [Saša Janković is re-appointed Ombudsman] (српски). Politika. 4 August 2012. Посетено на 15 December 2016.
  5. „Polemika o napadu na brata premijera Srbije“. Al Jazeera. 15 December 2014. Посетено на 15 December 2016.
  6. „Saša Janković podneo ostavku, kandiduje se za predsednika“ [Saša Janković Resigns, Will Run for President] (српски). N1. 7 February 2017. Архивирано од изворникот на 2017-02-08. Посетено на 7 February 2017.
  7. „RIK (94,18%): Vučić osvojio 1,9 miliona glasova“ (српски). N1. 3 April 2017. Архивирано од изворникот на 2017-05-08. Посетено на 2017-05-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]