Роберт Патинсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роберт Петинсон
Rpattz.JPG
Перинсон на премиерата на Самрак во Лос Анџелес
Роден(а)Роберт Томас Петинсон
Други имињаRPattz,[1] Spunk Ransom[2] (прекари)
ЗанимањеГлумец, модел, музичар
Активен2004 – сè уште

Роберт Томас Петинсон (англиски: Robert Thomas Pattinson) (роден 13 мај, 1986)[3] е англиски актер, модел и музичар.[4] Најпознат е по улогата на Едвард Кален во филмската адаптација на Самрак, базиран на романот на Стефани Мајер, а и по улогата на Седрик Дигори во Хари Потер и Пламениот пехар.[5][6][7]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Петинсон е роден во Лондон, Англија. Неговата мајка, Клер, работела во модна агенција, додека пак неговиот татко, Ричард, увезувал старомодни автомобили од САД.[8] До својата тринаесетта година учел во музичкото училиште Tower House во Лондон, а потоа своето образование го продолжил во елитното приватно училиште Harrodiаn School.[9] Се приклучил во аматерски театар преку Barnes Theatre Company. Откако се здобил со некое искуство, започнал со актерски улоги. Го привлекол вниманието на актерски агент за време на продукцијата на Tess of the D'Urbervilles и започнал со барање на професионални улоги. Оттогаш има изведувано во аматерска верзија на Магбет, а и се обидел и со манекенство.[се бара извор] Петинсон има две постари сестри.[10]

Кариера[уреди | уреди извор]

Манекенство[уреди | уреди извор]

Со манекенството Петинсон почнал да се занимана на дванаесет годишна возраст, но се престанал четири години подоцна, за што тој вели дека виновен за неговиот неуспех како модел бил неговиот недоволно маженствен изглед.

Петинсон објаснува во декември, 2008, „Кога првпат започнав, бев доста висок и изгледав како девојче, поради што се здобив со доста работи, бидејќи тогаш беше период кога во мода беа андрогините личности. Потоа, претпоставувам, станав премногу машки, поради што престанав да се здобивам со работи. Ја имав најнеуспешната манекенска кариера.“[11]

Петинсон се појави во рекламна кампања за есенската колекција за 2007 на Hackett.[12]

Глума[уреди | уреди извор]

Музика[уреди | уреди извор]

Роберт свири на гитара и пијано и компонира своја музика. Негови две песни „Never Thing“ и „Let Me Sing“ во кои исто така пее можат да се чујат во филмот Самрак.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rpattz definition“. Definition - of. конс. 3 август, 2009. 
  2. „Spunk Ransom is catching on“. MTV.com. конс. 3 септември, 2009. 
  3. Robert Pattinson“, People.com (посет. 3 април 2009 г).
  4. Gina McIntyre. „Robert Pattinson on his 'Twilight' songs: 'Music is my backup plan if acting fails'“, Los Angeles Times, 9 октомври 2008 (посет. 1 февруари 2009 г).
  5. Sona Charaipotra (2008-11-14). „A Night Out With - Robert Pattinson“. New York Times.  Text " accessdate-2009-02-11 " ignored (помош)
  6. Rebecca Murray (2008-07-31). „Robert Pattinson Discusses 'Twilight'. About.com. конс. 2009-02-11. 
  7. Hillary Atkin (2008-11-16). „Exclusive Interview: Robert Pattinson“. Fandango. конс. 2009-02-11. 
  8. Robert Pattinson
  9. Flora Stubbs. „Potter star 'next Jude Law'“, Evening Standard, 17 ноември 2005 (посет. 2 октомври 2008 г).
  10. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име telegraph.
  11. New York Magazine
  12. „Robert Pattinson-Hackett Campaign“. Nachophoto.com. конс. 2009-08-16.