Рим, отворен град (филм од 1945)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Рим, отворен град (италијански: Roma città aperta) е италијански филм од 1945 година, во режија на Роберто Роселини (Roberto Rossellini) според сценариото на Серџо Амидеи и Федерико Фелини. Главните улоги ги толкуваат: Алдо Фабрици, Ана Мањани, Марчело Паљеро, Вито Аникјарико, Нандо Бруно, Хари Фајст, Џованета Галети, Франческо Гранжаке, Едуардо Пасарели и Марија Мики.[1] Филмот освоил неколку награди меѓу кои и Големата награда на Канскиот филмски фестивал.[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во 1944 година, во Рим, германската војска го бара инженерот Џорџо Манфреди (го игра Паљеро), водачот на движењето на отпорот. Тој успева навремено да побегне од станов во кој се крие, а потоа се преселува во станот на другарот Франческо (го игра Гранжаке), кој наскоро треба да се ожени со бремената Пина (ја игра Мањани). Таму, Џорџо стапува во контакт со свештеникот Пјетро Пелегрини (го игра Фабрици), кој прифаќа да пренесе пари до една група на движењето на отпорот. Марчело (го игра Аникјарико), синот на Пина, заедно со другите деца од зградата, исто така се бори против окупаторот. На денот на венчавката на Пина и Франчексо, Гестапо дознава каде се крие Џорџо и ја опколува зградата, но тој успева да побегне, но Франческо е заробен, а германската војска ја убива Пина. Сепак, набргу, движењето на отпорот поставува заседа и Франческо и другите заробеници се ослободени, а свештеникот Пјетро прави план да ги префрли Џорџо и Франческо во еден манастир. Меѓутоа, девојката на Џорџо, Марина (ја игра Мики) го предава Џорџо и Гестапо ги апси него и свештеникот Пјетро, додека Франческо успева да се спаси. Гестапо сурово го измачува Џорџо, но тој не ги предава другарите и умира во затворот. Во мигот кога умира Џорџо, во просторијата влегува дрогираната Марина која се онесвестува. Утредента, свештеникот Пјетро го стрелаат, а погубувањето го следат Марчело и другите деца.

Наводи[уреди | уреди извор]