Римско-партска војна (58-63)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Римско-партска војна за Ерменија
Дел од Римско-партските војни
Датум 58–63 н.е.
Место Ерменија
Исход Нерешен[1]
Територијални
промени
Мали придобивки за римските клиентски држави
Завојувани страни
Римско Царство
Римски клиентски држави
Софена
Мала Ерменија
Иберија
Комагена
Понт
Ерменско Кралство
Партско Царство
Команданти и водачи
Гнеј Домициј Корбулон
Тигран VI Ерменски
Луциј Кесениј Пет
Тиридат I Ерменски
Вологез I Партски

Римско-партски војна (58—63) – војна водена меѓу Римското и Партското Царство за контрола над Ерменија. Завршена била со нерешен исход.

Војна[уреди | уреди извор]

Ерменија била важна тампон држава на границите на двете царство. Оваа војна претставува прв поголем судир меѓу Партија и Рим уште од времето на Антониевиот поход. Причина за избивање на војната бил походот на Партите на Ерменија која била римска клиентска држава уште од владеењето на царот Октавијан Август. Партите во 52/53 година го наметнале својот принц Тиридат за крал.

Римјаните на почетокот на војната имале сјајни успеси под команда на војсководецот Гнеј Домициј Корбулон. Меѓутоа не успеале да ги искористат. Партите закрепнале и им нанеле катастрофален пораз на Римјаните кај Рандеја. Борбите продолжиле со променлив исход до склопување на мировен договор кој претставувал компромис. Римјаните се согласиле Тиридат да остане крал на Ерменија и да ја започне владејачката династија (аршакидска), но претходно морал да добие формална потврда од царот Нерон. Со тоа симболично себеси се прикажал како римски вазал.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kelly, Christopher; Laycock, Stuart (2015-11-03). Italy Invades (англиски). Greenleaf Book Group. ISBN 9780996882507. The Roman-Parthian war of 58-63 over the succession to the throne of Armenia, which at that time included much territory in what is now eastern Turkey, ended in a sort of draw