Нумантска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нумантска војна
Дел од Келтибериските војни
Датум 143 до 133 г.п.н.е.
Место Хиспанија
Исход Римска победа
Територијални
промени
Проширување на римската територија низ Келтиберија.
Завојувани страни
Римска Република Ареваки, Лусони, Вакеи, Ветони
Команданти и водачи
К. Метел Македонијак
Квинт Помпеј
Марк Помпилиј Лена
Гај Хостилиј Манкин
Скипион Емилијан
Литенон
Атио
Тангин
Карауниј
Нумантска војна
Нумантска војна

Нумантската војна[1] (од „Bellum Numantinum“ во „Римска историјана Апијан) - последниот конфликт во Келтиберските војни што ги воделе Римјаните за да ги покорат тие луѓе по должината на Ебро. Таа била дваесетгодишен судир помеѓу келтиберските племиња Блиска Хиспанија и римската власт. Започнала во 154 година п.н.е. како бунт на Келтиберците од Нумантија кај Дуро. Првата фаза од војната завршила во 151 година, но во 143 година, војната повторно се разгорела со ново востание во Нумантија.

Првата војна била водена истовремено со Луситанската војна во Далечна Хиспанија. Луситанците биле покорени од Сулпикиј Галба, кој го предал нивното потчинување и ги погубил нивните водечки луѓе, а племето Ареваки од Блиска Хиспанија ја продолжило војната и се здружило со луситанскиот водач Виријат.

Откако во 143 година владела отворена војна, Рим испратил низа генерали на Пиринејскиот Полуостров да се справат со Нумантите. Во таа година, Квинт Кекилиј Метел Македонијак се обидел и не успеал да ја заземе Нумантија со опсада, но ги покорил сите други племиња на Ареваките. Неговиот наследник, Квинт Помпеј, бил неспособен и претрпел сериозни порази од нивна страна, па скришум преговарал за мир со градот придржувајќи се на претходниот договор. Сепак, во 138 година п.н.е пристигна нов генерал, Марк Помпилиј Лена, и кога нумантските пратеници дошле да ги завршат своите обврски за мировниот договор, Помпеј не сакал да преговара за таков мир. Ова прашање било испратено до Сенатот за пресуда. Рим решил да го игнорира мирот на Помпеј и го испратил Гај Хостилиј Манкин да ја продолжи војната во 136 п.н.е. Тој го нападнал градот и бил одбиен неколку пати пред да биде разбиен и опколен, и затоа бил принуден да прифати договор, за кој преговарал младиот Тибериј Грах. Ниту Сенатот не го ратификувал овој договор, туку само го испрати Манкин кај Нумантите како затвореник. Неговите наследници Лукиј Фуриј Фил и Гај Калпурниј Писо избегнале судир со Нумантите.

Во 134 година п.н.е., конзулот Скипион Емилијан бил испратен во Блиска Хиспанија за да ја заврши војната. Тој регрутирал 20.000 мажи и 40.000 сојузници, вклучувајќи ја и нумидиска коњица под кралот Југурта. Скипион изградил прстен од седум тврдини околу самата Нумантија пред да започне самата опсадата. После страдање од глад, повеќето преживеани Нумантијци извршиле самоубиство отколку да се предадат на Рим. Одлучувачката римска победа над Нумантија започнала во време на траен мир во Хиспанија до Серторската војна повеќе од половина век подоцна.

Оваа војна ги започнала кариерите на неколку важни ликови. Тибериј Грах ббил присутен како квестор во неуспешната опсада на Манкин. Поради угледот што таткото на Грах ја имал со Нумантите, Тибериј бил избран да преговара за договорот. Во оваа војна се борел и Гај Мариј, како и подоцнежниот римски непријател Југурта.

Наводи[уреди | уреди извор]

 

  1. Терминот Нумантска војна може да се однесува на целиот судир траејќи од 154 то 133 година или само подоцнежниот дел, од 143 до 133 година. Со тоа, двата судири се понекогаш нарекувани Нумантски војни и се поделени во Прва и Втора нуманстка војна. Двете се исто така наречени Втора и Трета келтоиберска (или Шпанска) војна

Извори[уреди | уреди извор]