Тибериј Грах

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тибериј Грах (латински: Tiberius Sempronius Gracchus) бил римски политичар и реформатор од 2 век п.н.е..

Биографија[уреди | уреди извор]

Заедно со неговиот брат Гај, Тибериј Грах ја спроведол аграрната реформа која предизвикала големи немири. Погинал во 132 п.н.е.[1] Според Плутарховата биографија на Тибериј Грах, откако тој бил осуден, биле уапсени и неговите пријатели. Притоа, сенаторите го прашале неговиот пријател Кај Блосиј, што би направил за својот пријател Грах. На тоа, Блосиј одговорил: Сè. Зарем и да ги запалиш храмовите? - го прашале сенаторите. Тој никогаш не би ми наредил нешто такво, одговорил Блосиј. Но, ако ти наредеше? - прашале сенаторите. Тогаш, Блосиј одговорил дека за својот пријател би ги запалил и храмовите.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 119.
  2. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 182.