Југуртска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Југуртска војна

Монета со приказ на фаќањето на Југурта од Сула
Датум 112–106 пр.н.е.
Место Нумидија
Исход Римска победа
Територијални
промени
Мавретанија добила извесни нумидиски територии
Завојувани страни
Римска Република Нумидија
Команданти и водачи
Лудиј Калпурниј Бестија
Спуриј Постумиј Албин
Аул Постумиј Албин
К. Метел Нумидски
Гај Мариј
Луциј Корнелиј Сула
Југурта Нумидиски
Бомилкар
Бокх Мавретански

Југуртска војна или Војна на Југурта (111-105 г.пр.н.е.) — судир помеѓу Римската Република и Нумидија, земја во Северна Африка именувана по нумидискиот крал Југурта.

Југурта бил внук на Масиниса, крал на Нумидија, кој бил надарен војсководец и популарен меѓу своите поданици. Стекнал искуство борејќи се во редовите на Сципион Емилијан, а создал и добри односи со римските аристократи, што придонело за негово запознавање со состојбите во Рим.

Кон крајот на 2 век пр.н.е. во Рим се водела борба помеѓу популарите и оптиматите, што им олеснувало на пограничните нации да водат војни против Рим на речиси сите граници на државата. Овие конфликти биле главно без последици за Рим.

Во битката за нумидскиот престол, братот на Југурта, Хиемпсал, бил убиен, а Адхербал побегнал во Рим. Со поткупување, Југурта го добил западниот дел на Нумидија, а Адхербал ја добил источната ретко населена област и градот Кирта.

Почеток на војната[уреди | уреди извор]

Сакајќи го главниот град, Југурта ја нападнал Кирта, ја освоил, го погубил Адхербал и сите луѓе во градот, вклучително и Римјаните, што довело до објава на војна во 111 година. Со поткупување на римскиот командант Југурта успеал да склучи мир, кој го задржал на ист начин. Сепак, сенатот го отфрла мировниот договор и ја обновува војната во 110 г.

Пристигнување на Метел[уреди | уреди извор]

Во 109 година во билиспратен Квинт Кејцилиј Метелус, искусен и непоткуплив војсководец, кој вовел дисциплина во воените логори. Во внатрешноста на Нумидија, тој ја поразил нумидиската војска во битката на реката Мутул. Војната продолжила, додека Југурта продолжил да се спротивставува, поддржан од африканските племиња.

Крај на војната[уреди | уреди извор]

Гај Марије го заменил Метел и со одлука на народното собрание добил задача да ја продолжи војната со Југурта. Мавританскиот крал Бокх (зет на Југурта), кој застанал на страната на Римјаните и, заедно со квесторот Луциј Корнелиј Сула, го убил Југурта во 105 година, со што завршила војната на 1 јануари 104 година. Мареј во триумфална процесија го водел Југурта во синџири и кралско облека. Југурта бил погубен, а еден дел од Нумидското Кралство му припаднал на мавританскиот крал Бокх, а другиот на болниот братучед на Југурта.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]