Македонско-римски војни

Од Википедија — слободната енциклопедија

Македонско-римските војни биле низа од вооружени судири на Римската Република со Македонија, за време на и по Втората пунска војна, на источното Средоземје, Јадранот, и Егејот. Заедно со Пунските војни, резултирале во римска власт или влијание врз целото Средоземје.

Прва Македонско-римска Војна[уреди | уреди извор]

Првата македонско-римска војна се одвивала во периодот од 215 до 205 година п.н.е.

За време на Втората пунска војна, македонскиот крал Филип V се сојузил со Ханибал. Плашејќи се дека Македонците ќе му дадат засилување на Ханибал, Рим испратил војска преку Јадранот. Римските легии (помогнати од сојузници од Етолската лига и Пергам по 211 година п.н.е.) извршиле само некои престрелки против Македонците и зеле само мала територија по јадранското крајбрежје во „борба против пиратството“. Римјаните не биле заинтересирани да освојуваат, туку да ја држат Македонија, грчките полиси и политичките лиги внимателно поделени и незаканувачки. Војната завршила нерешено во 205 година п.н.е. со Фојнишкиот мировен договор. Иако ова бил мал судир, ова на Римјаните им отворило пат за освојување на Македонија и Грција.

Втора Македонско-римска војна[уреди | уреди извор]

Втората македонско-римска војна се одвивала во периодот од 200 до 196 п.н.е.

Во 201 година п.н.е., амбасадори од Пергам и Родос поднеле докази пред Римскиот сенат дека Филип V и Селевкидскиот цар Антиох III потпишале пакт за ненапаѓање. Иако некои учени сметаат дека овој „таен договор“ бил измислен од Пергам и Родос, ова предизвикало Римјаните да ја започнат Втората македонска војна, со помош на грчки сојузници. Ова бил нерешавачки судир сѐ до римската победа во Битката кај Киноскефали во 197 година п.н.е. По Темпејскиот мировен договор, на Филип V му било забрането да се меша во работите на своите соседи, услов до кој се држел до крајот на животот. Во 194 година п.н.е. Римјаните ја прогласиле Грција за „слободна“, и сосема се повлекле од Балканот. Изгледало дека Рим немал повеќе интереси во регионот.

Римско-селевкидска војна[уреди | уреди извор]

Римско-селевкидската војна се одвивала во периодот од 192 до 188 година п.н.е.

По Втората македонско-римска војна, членките на Етолската лига биле незадоволни од големината на територии одземени од Рим како „награда“ за помошта. Така, тие го „поканиле“ царот на Селевкидска Сирија, Антиох III да им помогне во ослободувањето на Грција од „римско угнетување“. Антиох пратил мал број единици во 192 година п.н.е., а пак Рим како одговор ги вратил легиите во Грција, истерувајќи ги неговите војници.

Антиох исто така го засолнил Ханибал. Како негов воен советник, Ханибал го посоветувал кралот да не влегува во Грција со толку малку војска, но советот не бил прифатен). Рим пратил 30,000 војници под команда на Сципион Африкански во Мала Азија за да го пресретнат Антиох. Откако дознал дека Римјаните одат кон него, Антиох имал два непријатни избора. Или морал да се предаде на срамен начин и да избега назад во Азија или да се соочи со Римјаните на географска позиција која е непогодна против побројната римска војска. Антиох се решил за второто, па ги избрал Термопилите. Тој набргу бил закрилен од римската војска, токку како што Спартанците биле закрилени од Персијците пред 300 години. Ова резултирало со римска победа во Термопилската битка (191 година п.н.е.) и Битката кај Магнезија (190 година п.н.е.). Заради овие победи, Антиох бил приморан да го потпише Апамејскиот мировен договор (188 година п.н.е.), отстапувајќи Селевкидска територија на Рим и Пергам и воени оштети од 15,000 таленти сребро.

Трета Македонско-римска војна[уреди | уреди извор]

Предлошка:Campaign box Third Macedonian War

Третата македонско-римска војна се одвивала во периодот од 172 - 168 година п.н.е.

По смртта на Филип во Македонија (179 година п.н.е.), неговиот син, Персеј, се обидел да го врати македонското влијание на меѓународната сцена, и агресивно тргнал кон соседите. Кога било кажано дека Персеј е вмешан во заговор за атентат против сојузник на Рим, сенатот ја објавил Третата македонско-римска војна.Во неа на страна на Македонци учествуваа Илирите со нивниот крал Гентиус и тракиското племе Одриси . Првично Рим бил неуспешен во спротивставувањето на македонската војска, но во 167 година п.н.е., римските легии под водство на Конзул Павле Емилиус ја разбиле слабо подвижна македонската фаланга во Битката кај Пидна каде загинале над 30.000 македонски војници. Подоцна Персеј бил заробен и заедно со семејството убиен во Рим, 250.000 становници се одведни како робови во Рим и римски провинции, поголем дел на градови се разорени а кралството Македонија било поделено на четири марионетски републики во кои се населени римски легионари.

Четврта Македонско-римска војна[уреди | уреди извор]


Четвртата македонско-римска војна се одвивала во периодот од 150 до 148 година п.н.е.

Неколку години подоцна владеел мир, сѐ до востанието на Андриск, кој тврдел дека е син на Персеј. Рим повторно пратил легии, и го задушил востанието. Овој пат римјаните не се повлекле од регионот, формирајќи ги регионите Ахеја, Епир и Македонија, и со тоа воспоставиле постојана власт во регионот.

Ова поттикнало востание кај членовите на Ахајската лига. Лигата набргу била поразена, и, за поука, Римјаните го срамниле со земја стариот град Коринт во 146 година п.н.е., истата година во која била уништена Картагина. Со ова завршиле Македонско-римските војни, и независноста на народите во регионот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]