Ретроним
Изглед
Ретроним – нов збор или израз создаден за да се означи стар предмет или мисла чие првично име почнало да се користи за нешто друго, или кое повеќе не е единствено.
Создавањето на ретроним генерално е последица на напредокот на технологијата.
Историја на зборот
[уреди | уреди извор]Зборот „ретроним“ е неологизам што го создал Франк Манкиевич во 1980 година, а го популаризирал Вилијам Сафир во Њујорк тајмс магазин.
Примери на ретроними
[уреди | уреди извор]| Заменет термин | Нов термин | Причина за замена | Епоха |
|---|---|---|---|
| Адреса | Поштенска адреса | Електронска адреса | крај на XX век |
| Оружје | Конвенционално оружје | Јадрено, радиолошко, бактериолошко и хемиско оружје | средина на XX век |
| Чоколадо | Топло чоколадо (пијалак) | Чоколадо (табла) | |
| Копија | Хартиена копија | Дигитална копија (електронска) | крај на XX век}} |
| Диск (информатика) | Тврд диск | Дискета | |
| Голема војна | Прва светска војна | Втора светска војна | 1940-тите |
| Франк | Француски франк | Белгиски франк, Швајцарски франк | |
| Броеви | Реални броеви | Комплексни броеви | Кантор, 1883 |
| Телевизија | Црно-бела телевизија (1960-тите) | Телевизија во боја | (1960-1980) |
| Филм | Нем филм | Филм (со говор) | крај на 1920-тите |
| Телефон | Телефон со бројчаник | Телефон со тастатура | |
| Телефон | Фиксен телефон или жичен телефон | Мобилен телефон | крај на XX век}} |
Често кога некое дело добива продолжение кое дели дел од неговиот оригинален наслов (на пример, дополнет со број 2), оригиналното дело го добива бројот 1 иако истиот не постоел при неговото создавање.
На ист начин, кога некоја компанија развие варијанта на некој производ, името на оригиналниот производ може да стане име на серијата.