Рафаел Холцдепе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рафаел Холцдепе
20150726 1717 DM Leichtathletik Männer Stabhochsprung 1428.jpg
Холцдепе со златниот медал на државното првенство на Германија во 2015
Лични податоци
Полно имеРафаел Марсел Холцдепе
Националност Германија
Роден(а)28 септември 1989 (1989-09-28) (29 г.)
Кајзерслаутерн
ЖивеалиштеЦвајбрикен, Германија
Висина&100000000000001810000001,81 м
Тежина80 кг
Спорт
Спортатлетика
Дисциплинискок со стап
ТренерАндреј Тивончик

Рафаел Марсел Холцдепе (р. 28 септември 1989 во Кајзерслаутерн) — германски атлетичар кој се натпреварува во дисцииплината скок со стап. Тој на Светското првенство 2013 во Москва го освоил златниот медал. Тој исто така е носител на бронзен медал од олимписките игри во Лондон.

Биографија[уреди | уреди извор]

Рафаел Холдепе има африканско потекло, и бил посвоен од германски пар набрзо по своето раѓање.[1] Тој е роден во Кајзерслаутерн, Германија. Со скок со стап, Холцдепе почнал да се занимава од 10. годишна возраст.

На Светското јуниорско првенство во 2006, Холцдепе завршил на петтото место, а на следното Светско јуниорско првенство, во 2008 тој бил првопласиран освојувајќи го златниот медал. На европското јуниорско првенство во 2007, тој бил еден од фаворитите за златниот медал, но настапот го завршил во квалификациите откако не успеал да ја прескокне стартната висина од 5.10 метри.

На Летните олимписки игри 2008, Холцдепе прескокнал 5.65 метри и успеал да се квалификува за финалето во кое завршил на осмото место. Четири години подоцна, на Летните олимписки игри 2012, Холцдепе го освоил бронзениот медал зад Бјерн Ото и Рено Лавилени со прескокнати 5.91 метри.

Своето прво сениорско злато, Холцдепе го освоил на Светското првенство 2013 во Москва, каде успеал да прескокне 5.89 метри, исто како и Лавилени, но со помалку обиди.

На 24 јуни 2015, на митингот во Баку, Азербејџан, Холцдепе го остварил својот најдобар резултат во кариерата прескокнувајќи 5,92 метри.[2] Тој го подобрил својот најдобар резултат во кариерата на 26 јули 2015, во Нирнберг, на државното првенство на Германија, каде го освоил првото место со прескокнати 5.94 метри.

На Светското првенство 2015, тој го освоил сребрениот медал со прескокнати 5.90 метри.

Лични рекорди[уреди | уреди извор]

Дисциплина Резултат Место Датум
Скок со стап На отворено 5,94 м Нирнберг, Германија 26 јули 2015
Во сала 5,82 м Карлсруе, Германија
Руан, Франција
26 февруари 2012
26 јануари 2013

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Holzdeppe ist der neue deutsche Überflieger“, 29 јуни 2008 (посет. 23 август 2012 г). (на German)
  2. Nick Butler. „Holzdeppe wows crowds to win pole vault gold at Baku Street Athletics“, insidethegames.biz, 24 јуни 2015 (посет. 27 јуни 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]