Разговор со корисник:Brainmachine/Архива 11

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето



Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната страница за разговор.
Архива 11


Уредување на инфокутија[уреди извор]

Koki2008 (разговор) 01:29, 16 јули 2010 (CEST)

Здраво.

Од денеска почнав со уредување на статијата за Франклин Делано Рузвелт. Иако досегашните промени што ги имам направено се многу ситни, сепак наидов на проблем кај инфокутијата. Имено, ќе забележиш дека јас ја поставив инфокутијата во статијата, а во истата ги имам запишано и датумот и местото на починување на личноста за која што станува збор во статијата, но од некоја непозната причина, овие податоци не се прикажуваат на страницата на статијата.

Дали станува збор за грешка во синтаксата, или станува збор за некаков проблем со веб сајтот ?

Доколку станува збор за грешка во синтаксата, како би требало да ја уредам инфокутијата, а доколку станува збор за некаков проблем со веб сајтот, кога отприлика истиот би бил решен ?

Очекувам одговор !!!

Однапред, Благодарам !!!

Koki2008 (разговор) 01:29, 16 јули 2010 (CEST)

Здраво, Koki2008. Сепак стануваше збор за грешка во синтаксата. Имено, шаблонот (инфокутија за државник) работи со параметрите умрел_дата= и умрел_место=, а не со „починал“. Еве ја поправката што ја направив и можеш да видиш дека инфокутијата сега ги прикажува вредностите.
Инаку, имам неколку ситни забелешки:
  • Датумите секогаш ги форматирај вака: [[12 јули]] [[1983]], а не вака: [[12 јули]], [[1983]] (со запирка);
  • Кај Втора светска војна, само првиот збор е со голема буква, 'светска' и 'војна' потоа се со мали букви;
Ако ти треба било што, знаеш. --Brainmachine (разговор) 16:16, 16 јули 2010 (CEST)

Koki2008 (разговор) 01:59, 20 јули 2010 (CEST) Фала многу за помошта. Сега имам друг проблем околу инфокутијата, најверојатно уште една грешка во синтаксата. Во истата инфокутија ги внесов имињата на потпретседателите за време на претседателскиот мандат на личноста за која станува збор во статијата, но истите не се прикажуваат. Ќе може ли да ја поправите таа грешка во синтаксата, или барем да ми кажете како јас треба да ја поправам истата ?

Очекувам одговор !!!

Однапред Благодарам !!!

Koki2008 (разговор) 01:59, 20 јули 2010 (CEST)

Во инфокутијата само заменив потпретседател= со | заменик_претседател= (еве, вака). Сите прифатливи параметри за инфокутијата ти се наведени на оваа страница, под „Начин на користење:“. Поздрав и извини што доцна ти одговорив, имав проблеми со интернетот. --Brainmachine (разговор) 16:50, 23 јули 2010 (CEST)

Навигација[уреди извор]

Здраво. Како е? Тоа не е проблем, може да се прилагоди како било, но според мене за да биде добра статија мора да помине низ рецензијата, така и порано реков статија која ги исполнува сите стандарди за квалитет (вклучувајќи ги и правописните) може да биде добра. Но како сакате така. Поз--Никола Стоіаноски 17:21, 16 јули 2010 (CEST)

Па тоа не е задолжително? Мора да биде статијата барем во голем дел прочешлана, односно поправка на правопис и естетика. --Никола Стоіаноски 17:41, 16 јули 2010 (CEST)
Исто така :) па затоа и сакам да направиме нешто поедноставно, но ефикасно. Поз--Никола Стоіаноски 16:01, 17 јули 2010 (CEST)

Вики средба[уреди извор]

Здраво Зоки. Не сакав да пратам мејл, бидејќи може и тука да се договориме дали да испратиме известување до активните корисници во последниот период да присуствуваат на средбата. Веќе ако сакаме да има солидна посетеност, мислам дека вакво нешто би можело да има ефект. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:17, 28 јули 2010 (CEST)

Здраво. Ве известуваме дека на 4 август, со почеток во 19:00 во Пјаца Либерта, Скопје ќе се одржи Вики средба. Доколку сте во можност и сте заинтересирани да присуствувате Вашето присуство или евентуално отсуство може да го најавите овде. Доколку не сте присуствувале на некоја Вики средба и сакате да добиете повеќе информации, може да испратите порака на vikipedija@lists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор со потребните информации. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:42, 28 јули 2010 (CEST)

Извини за ова. Без дискриминација. Позз.:)--Kiril Simeonovski (разговор) 22:42, 28 јули 2010 (CEST)

Перфектно[уреди извор]

Браво за даденото објаснување овде.--brest (разговор) 11:12, 9 август 2010 (CEST)

Хаха, фала :) --Brainmachine (разговор) 23:40, 10 август 2010 (CEST)

Здраво/Good afternoon! Could you help me please![уреди извор]

I'm really sorry~, first of all I apologiza for this intrusion and then because I don't know much of Macedonian even though I can catch some words when I read it (my wife is Ukrainian and I can speak and read some of it!). My name is Claudi Balaguer, I'm a member of a Catalan association "Amical de la Viquipèdia" which is trying to become a Chapter but has seen its demand rejected because it doesn't have a/one state! I thought you could help me begin a support campaign here just as I've already done in other Wikipedias. The first favor I beg from you would be to translate the following template to Macedonian (you can translate where you please, you can keep the Catalan part or the English one, as you wish or deem more appropriate!) and also: "Category: Wikipedians giving support to Wikimedia CAT". Thanks again for your help. I wish you a pleasant and sunny summertime and hope that you, your language and this Wikipedia will have a great future! Take care, Capsot (разговор) 12:59, 11 август 2010 (CEST)

Yes check.svgОк Готово
Good luck with your chapter! --Brainmachine (разговор) 13:32, 11 август 2010 (CEST)
Здраво! Man, you really are amazingly efficient and good-working! I'm amazed, you really deserve your nickname! Поздрав! Благодарам for your support! If you ever need something from me (or our Association) about Catalan, Occitan or whatever just let me know, I'll be real glad to help! Take care my friend! Capsot (разговор) 15:30, 11 август 2010 (CEST)

Биографии[уреди извор]

Имавме одлучено „Биографии на живи личности“. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 22:24, 12 август 2010 (CEST)

Благодарност[уреди извор]

Благодарам за поканата и почестен сум што имам ваква можност. Малку ми делува комплицирано со правилава, но се надевам дека ќе ги упростам за брзо време —Претходниот непотпишан коментар е додаден од Оливер дд (разговорпридонеси) 11:28, 23 август 2010 (CEST)

Уредување на помошна табела[уреди извор]

Koki2008 (разговор) 18:53, 4 септември 2010 (CEST) Штотуку ја сменив старата out-of-date HTML табела во македонската PlayStation 3 статија со новата up-to-date Wikipedia табела од англиската PlayStation 3 статија преведена на македонски јазик. За истата табела има и помала помошна табела под нејзе, кај која што, како што може да се забележи кај англиската PlayStation 3 статија, прикажано е која боја за која генерација на PlayStation 3 конзоли важи. Но бидејќи и двете табели се на англиски јазик, на македонската PlayStation 3 статија обоените квадратчиња со боите ги прикажува како шаблони, а не како обоени квадратчиња. Ќе може ли да ја поправиш помошната табела, така што ќе ги прикажува обоените квадратчиња како што ги прикажува на англиската PlayStation 3 статија, или барем да ми одговориш како јас да ја поправам ? Koki2008 (разговор) 18:53, 4 септември 2010 (CEST)

Yes check.svgОк Готово Само го создадов Шаблон:Key box онаков каков што беше на англиската Википедија и си се поправи статијата за PlayStation 3. --Brainmachine (разговор) 23:43, 6 септември 2010 (CEST)

Pozdrav[уреди извор]

Primite Pozdrav i od mene i jas vi blagodaram za pjasnuvanjeto okollu slikite i avtorskite prava,jas çekav odgovor od koa jas tise javif pred nekoe vreme ali nema nekoi odgovor verovatno i nemate vreme belki jas ve dosaduva pa dami oprostite sho ti odzema vreme so pozdrav--Rizvan (разговор) 21:32, 25 септември 2010 (CEST)

Лидери по година[уреди извор]

Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:15, 12 октомври 2010 (CEST)

Fundraising 2010_Translation & Localization[уреди извор]

Wikimedia Foundation RGB logo with text.svg

Greetings Brainmachine, my name is Sam and I am working for the Wikimedia Foundation during the 2010 Fundraiser as the liaison between the Macedonian community and the Foundation. This year's fundraiser is intended to be a collaborative and global effort; we recognize that banner messages that perform well in the United States don't necessarily translate well, or appeal to international audiences. I'm contacting you as I am currently looking for translators who are willing to contribute to this project, helping to translate and localize messages and suggesting messages that would appeal to Macedonian readers on the Fundraising Meta Page. Please let me know if you'd be interested in helping with this project, and add your feedback to the proposed messages as well! I look forward to working with you during this year's fundraiser. Schapman

10 години Википедија[уреди извор]

10yrs-oldbazaar-skopje-mk.png       Здраво, Brainmachine/Архива 11!
Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница. Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 23:58, 12 јануари 2011 (CET)

Молба[уреди извор]

Здраво Зоки. Имам една молба до тебе. Логово што е на нашата Википедија од секогаш била податотеката wiki.png и на таа податотека си менувавме слики во зависност од празник или некој повод. Забележав дека сегашното лого не старото, туку ова. Ако сакаш, намести ја Главната да не го користи логото од Комонс, туку ова нашево зошто подигнав две нови верзии со македонски фонтови, наместо руски од кои едната е за постојана употреба, а другата (последната верзија) е за поводов, роденден на Википедија. Поз--Никола Стоіаноски 14:14, 15 јануари 2011 (CET)

Никола, стварно не знам зошто не се менува логото. Пробај да прашаш некој друг, можеби некој на Мета или на англиското вики? --Brainmachine (разговор) 14:47, 18 јануари 2011 (CET)
ОК, нема проблем. Не е исто така проблем да се менува логото на Комонс, но позгодно е кога се користи локалното. Како и да е, фала--Никола Стоіаноски 15:14, 18 јануари 2011 (CET)

Re:Ripchip Bot[уреди извор]

Hi Brainmachine

I made the request, and i already have the bot flag, so, could you please unblock my bot? Beria (разговор) 15:10, 15 март 2011 (CET)

Done. --Brainmachine (разговор) 23:24, 15 март 2011 (CET)
Thanks. :) Beria (разговор) 09:24, 16 март 2011 (CET)

Покана за Вики средба[уреди извор]

      Здраво, Brainmachine/Архива 11!
Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 03:14, 4 јуни 2011 (CEST)

Оценувач[уреди извор]

Здраво, како е? Ќе можеш да видиш, коментираш и евентуално гласаш за кандидатурата за оценувач на еден (веројатно) португалски корисник? Позз--Никола Стоіаноски 10:20, 21 јуни 2011 (CEST)

Солун[уреди извор]

Greetings! Sorry for using English, but I do not speak the Macedonian language, I hope that is not a problem with you. It has recently come to my attention as a major contributor to the English wikipedia article on Thessaloniki that certain parts of that particular article have been copied and altered in the Macedonian article without attribution. As I am sure you understand, this poses a violation of Wikipedia's rules on copying content between projects (there is no attribution either in the talk page of the article or in the edit summary), as well as the project's rules on translations, where again no attribution is given, either when the table was created, or when "Bulgarians" was substituted with "Macedonians". As you can also see from this edit, the text in English predates the one in Macedonian; the first was in existance since 2007, while the latter was created in 2008. Additionally, as can be demonstrated by these two edits, the information in the box is identical, except for the substitution of the word "Bulgarians" with "Macedonians" in the Macedonian article, where the copyright violation exists. The editors in the Macedonian wikipedia took a portion of the English wikipedia article, which is addequately sourced, and transfered it without any reference as to the table's origin (which is, of course, the sources cited and by extend the creator of the table). In line with the aforementioned, I left a comment on the article's talk page -which went by ignored- and, following a week of no replies, fixed the copyright issue with these two edits, which were later removed (without any given reason) by the administrator MacedonianBoy. Not wishing any needless drama, I would like to ask for your assistance as an impartial administrator in resolving this copyright problem. Thank you for your time. --Philly boy92 (разговор) 20:02, 18 август 2011 (CEST)

Знаеме што мисли Васил Канчов кога напишал 10.000 „Бугари“. Тоа е за првата бројка, а втората е грчка и не можам да ја проверам.--Никола Стоіаноски 21:54, 18 август 2011 (CEST)
This may be so, but this still does not change the fact that this is copyright material from the English wikipedia. (The second source is a Greek schoolbook and -naturally- it says "Bulgarians"; I am actually quite puzzled as to why you would chose the statistics given by the Greek schoolbook and simply distort them instead of finding new sources). --Philly boy92 (разговор) 23:09, 18 август 2011 (CEST)
Let's clarify some things:
  1. The official Bulgarian politics never used the term Macedonians because of the political and propagandistic reasons. However, at the beginning of the book of Kanchov that is cited, he clearly states that the "Bulgarians" (he refers to the Macedonians, not ethnic Bulgarians) in Macedonia call themselves as Macedonians and that's how the other people refer to them. Therefore, we know what the Bulgarian statistics is all about.
  2. I do not know the Greek source and I am sure it is driven by the same reasons.

I do not deny that there were not Bulgarians in Solun at that time, but we do not have specific data for the exact number of ethnic Bulgarians and the exact number of ethnic Macedonians (they are in the same groups out of political reasons). I do have several sources of the population of Aegean Macedonia, specifically how many Greeks, Macedonians and Bulgarians there were, but unfortunately, I do not have the book at home right now. As soon as I get it back from my cousin I will expand the historical statistics. I think I have Krste Misirkov's data, but I need to check it first. Because of this political and propagandistic silliness, I named the section Macedonians and Bulgarians. Best,

PS: I am not the editor of that section, nor copied it from somewhere.--Никола Стоіаноски 00:27, 19 август 2011 (CEST)

>

Thank you for addressing my concerns over this, the problem is fixed. I did not mean to accuse you personally, this was not my intention at all. I know that you are not the editor of that section, but you reverted it and gave no reason for it. Anyway, thanks again for your cooperation on this. --Philly boy92 (разговор) 17:01, 19 август 2011 (CEST)

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Откако веќе го ндминавме бројот од 50.000 статии, мислам дека би било добро да воведеме јубилејна статија, која ќе го означи трудот вложен кон надминување на одреден број на статии. Вашето учество е добредојдено во дискусијата на страницата за идеи, каде што е изнесен предлогот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:32, 2 октомври 2011 (CEST)

Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година[уреди извор]

Изготвен е предлог „Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година“. Оваа година би сакале да ги вклучиме и членовите на вики заедницата и јавноста во процедурата на усвојување на програмскиот план, со јавно изложување на работната верзија на овие планови неколку месеци пред годишното собрание на Викимедија Македонија, кое ќе се одржи во втората половина на месец декември 2011 година. Сите заинтересирани имаат можност да дебатираат околу предлог целите. Како еден од активните корисници на Википедија ве повикувам да дадете свој придонес. Поздрав. --brest (разговор) 14:49, 19 октомври 2011 (CEST)

Благодарност[уреди извор]

Неизмерно благодарам. Вакви почести немам никогаш добиено. Нашиот квалитет, содржајност и присутност мора да ги отсликува душевните квалитети што ги поседуваме како народ. Јас едноставно го овозможувам остварувањето на духот од апстракција на дело. Се надевам дека така воедно и ќе послужам некому за нешто. Уште еднаш, благодарам. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:38, 1 ноември 2011 (CET)

Awww[уреди извор]

Фала, стварно ми дојде добро наградата во моментов! :)) --FlavrSavr (разговор) 00:46, 1 ноември 2011 (CET)

Една благодарност и од моја страна. Поздрав--Тиверополник (разговор) 08:22, 1 ноември 2011 (CET)

Наградени сте![уреди извор]

Brilliant Idea Barnstar Hires.png Награда за феноменална идеја
Еве една и од мене за сите твои генијални идеи кои ги имаме спроведено. Kiril Simeonovski (разговор) 09:30, 1 ноември 2011 (CET)

Ти благодарам за наградите.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:30, 1 ноември 2011 (CET)

Наградени сте![уреди извор]

Kindness Barnstar Hires.png Награда за љубезност
За твојата прекрасна идеја да им оддадеш почит и заслуга на колегите на така убав и интересен начин. Секоја чест! Б. Јанкулоски (разговор) 13:20, 1 ноември 2011 (CET)

Ре, награда[уреди извор]

Еве и од мене една, првата која ја давам со ВикиЛав :)

Administrator Barnstar Hires.png Администраторска награда
Поради придржување кон и подобрување на принципите на Википедија :) Никола Стоіаноски 15:08, 1 ноември 2011 (CET)

I[уреди извор]

Хмм :( морам да признам дека го имам користено, но неможам да се сетам каде, па во наредните денови ќе треба да прелистам низ моите придонеси. Фала за забелешката, едноставно незнаев, за мој срам. Поздрав--Тиверополник (разговор) 22:00, 2 ноември 2011 (CET)

Технички подобрувања на Википедија на македонски јазик[уреди извор]

Здраво. На селската чешма предложив неколку технички подобрувања, кои мислам дека ќе го подобрат квалитетот на Википедија на македонски јазик. Мислам дека е многу важно, па затоа Ве повикувам на дискусија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:28, 10 декември 2011 (CET)

Гласање за јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Мало потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:28, 11 декември 2011 (CET)

Седмична работа[уреди извор]

Здраво Зоки. Мислам дека помина доста долго време откако едногласно се согласивме за воведувањето на седмична работа на Википедија на македонски јазик, во чии рамки би се посветило внимание и на средувањето на содржините и оддржувањето на проектот (детали од дискусијата има овде). Добро би било ова да се воведе на почетокот од 2012, со што веќе уште од месец јануари би можеле да се нафатиме околу здружена работа на одделни, што знам дека заштедува и време и средства. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:32, 20 декември 2011 (CET)

Аха![уреди извор]

Видов дека си пишал нешто пред некој ден! Значи тука си. Зоране Паликуќа... —iNkubusse A? 01:15, 8 јануари 2012 (CET)

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:07, 31 јануари 2012 (CET)

Јубилејна статија (55.000)[уреди извор]

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и за овој јубилеен број ќе избереме статија со занимлива содржина.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:23, 20 март 2012 (CET)

Селска чешма[уреди извор]

Здраво Зоки. Мислам дека соединувањето на содржините не е направено како што треба, бидејќи сега целосно отсуствуваат содржините од другите страници. Така на пример, не можам да најдам што е последно напишано на страницата за критики или за преводи и транслитерации. Ова мора да се среди најбрзо што може. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:57, 24 март 2012 (CET)

Не грижи се, целата содржина на тие страници можеш да ја најдеш под последната архива за соодветната страница во Википедија:Селска чешма/Други архиви. Ако има некоја активна дискусија, премести ја во Селската чешма. Порано имаше 12 страници за дискусија, а сега има само една. Се надевам дека ова ќе го направи следењето многу поедноставно и полесно. --Brainmachine (разговор) 03:42, 25 март 2012 (CEST)

Шаблон[уреди извор]

Добаре е шаблон ќе врши работа... поздрав--Јоханес Климакус (разговор) 16:23, 1 април 2012 (CEST)

Анонимни[уреди извор]

Дали се согласуваш со името на статијава? Мислам дека треба да си биде Anonymous (група) или Анонимус (група) (зборот група може да биде и нешто друго, ама треба да има појаснување). Во статијата во заграда може да пишува дека значи „анонимни“. Ако се согласуваш, оди смени го. :D —iNkubusse A? 13:35, 3 април 2012 (CEST)

Искрено, првпат тука го видов насловот на македонски и ми се допадна. Ама оти е име на група, се договоривме да го користиме оригиналниот назив под кој е позната групата. Ќе го ставам Анонимус (група), со страница за појаснување Анонимност (појаснување). --Brainmachine (разговор) 18:21, 3 април 2012 (CEST)
...што и го направив :) --Brainmachine (разговор) 18:42, 3 април 2012 (CEST)

„Софтвер“[уреди извор]

Зборот „програмска опрема“ го користиме одамна и произлезе пред подолго време како идеја од прирачникот на МИО, кој беше официјално усвоен (иако и самиот тој има многу грешки, сепак ред работи се добри). Во истиот хардвер е „машинска опрема“. Воедно соодветствува и на рускиот израз „программное обеспечение“, со исто значење, што таму се користи отсекогаш. Исправувањето на грешките мора да почне од некаде и некако да се наметне. На крајот на краиштата, има врски за други јазици од страна, па лесно ќе видат на англиската. Доколку би се воделе по тоа што досега се користи, само ќе го повторуваме истото и не гледам како ќе се сменат работите. Во право си, „семрежје“ би го вовел утре, но знам дека не може да се наметне. Сепак правам разлика помеѓу едното и другото :) --Б. Јанкулоски (разговор) 14:59, 4 април 2012 (CEST)