Разговор со корисник:Koki2008

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, Koki2008, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! --Филип што бе? 21:22, 1 февруари 2008 (СЕВ)

Втора светска војна е без извори[уреди извор]

Здраво, Коки. Супер работа на Втора светска војна, но проблемот е што не се наведуваат никакви извори за тоа од каде се информациите што ги додаваш. Бидејќи секој може да пишува на Википедија, мора да содржината да ни биде на некој начин проверлива. Гледам дека преведуваш од англиската Википедија (статијата en:World War II) каде што има извори. Кога ќе преведуваш, те молам, не ги отстранувај ознаките <ref></ref> заедно со текстот меѓу нив (или пак ознаките <ref name="blabla"/>). Обиди се да ги вметнеш сите претходни вакви ознаки кои си ги избришал во текстот од оној оригиналниот на англиски. Повеќе информации за цитирањето извори имаш овде. Поздрав, Brainmachinewtf? 14:29, 3 јули 2009 (UTC)

Re:Извори[уреди извор]

Најпрво, секогаш кога кореспондираш со некого на Википедија, на крајот од разговорот напиши 4 тилди ~~~~. Тоа автоматски ти дава врска до твоите кориснички страници и датумот и времето кога е оставен коментарот. Повеќе инфо: ВП:ПОТПИС.

Сега за изворите: не можеш да наведеш како извор друга страница на Википедија (од било кое јазично издание). Но, бидејќи од таму ти е преведуван текстот, изворите кои важат за таму — важат и за овде. Еден краток визуелен курс по референци: Да речеме пишуваш статија за масакрот на планетата Марс и додаваш факт за бројот на загинати (ова е пример, секако :D), а како извор ја користиш книгата на господинот Т. Трпковски (фиктивен историчар). Во кодот внесуваш:

Во масакрот загинале 42 жени.<ref>„Марсовскиот масакар“, Трпе Трпкоски (2007), стр. 42.</ref>
== Референци ==
{{reflist}}

А, тоа ќе изгледа вака:

Во масакрот загинале 42 жени.[1]

Референци


  1. ^ „Марсовскиот масакар“, Трпе Трпкоски (2007), стр. 42.


  • Забележуваш дека на крајот од статијата ставаш секција ==Референци==, а во секцијата само кодот {{reflist}}. Тоа на крајот автоматски ти ги сумира сите фусноти (тестирај го сето ова за да видиш како функционира). Ако користиш податок од некоја веб-страница (веродостојна!), наведи ја исто како што се наведуваат книги, во Референци или Извори.
  • Ако те интересира за литература што е тесно поврзана со темата на статијата, а не користиш специфични податоци од неа (туку е само поврзана), тие работи се наведуваат во посебна секција со име на англиски Further reading, во превод Поврзана литература или нешто така, ама никако буквално преведено. За онлајн литература, тоа оди во Надворешни врски.

Сега, да видиме што се случува со статијата за втората светска војна: Оригиналниот текст од en:World War II (кодот за референците е задебелен):

===Allies gain momentum===
In mainland Asia, the Japanese launched two major offensives. The first, started in March, 1944, was [[Operation U-Go|against British positions in Assam, India]]<ref>Lightbody, Bradley. ''The Second World War: Ambitions to Nemesis'', p. 224.</ref> and soon led to Japanese forces besieging Commonwealth positions at [[Battle of Imphal|Imphal]] and [[Battle of Kohima|Kohima]];<ref>Zeiler, Thomas W. ''Unconditional Defeat: Japan, America, and the End of World War II'', p. 60.</ref> by May however, other Japanese forces were being besieged in [[Myitkyina]] by Chinese forces which had invaded Northern Burma in late 1943.<ref>Craven, Wesley Frank; Cate, James Lea. ''[http://books.google.ca/books?id=6ZsTiBcmzNUC The Army Air Forces in World War II, Volume Five — The Pacific, Matterhorn to Nagasaki]'', p. 207.</ref> The [[Operation Ichi-Go|second was in China]], with the goal of destroying China's main fighting forces, securing railways between Japanese-held territory, and capturing Allied airfields.'''<ref>Hsiung, James Chieh; Levine, Steven I. ''China's Bitter Victory: The War with Japan, 1937–1945'', p. 163.</ref> By June the Japanese had conquered the province of [[Henan]] and begun a [[Battle of Changsha (1944)|renewed attack against Changsha]] in the [[Hunan]] province.<ref>Coble, Parks M. ''Chinese Capitalists in Japan's New Order: The Occupied Lower Yangzi, 1937–1945'', p. 85.</ref>

Ова е твојот превод:

=== Сојузниците се здобиваат со брзина ===
Во континентална Азија, јапонците започнале две големи офанзиви. Првата била насочена кон британските позиции во индиската држава Асам, уште попозната како [[Операција U-Go|Операцијата U-Go]], која што започнала во март 1944, по што јапонските сили ги превзеле позициите на сојузничките сили во Имфал и Кохима кон мај 1944, но сепак јапонците биле под опсада во Мјиткина од страна на кинеските сили кои ја окупирале северна Бурма кон крајот на 1943. Сојузниците постигнале одлучни победи во [[Битка за Имфал|Битката за Имфал]], која траела од 8 март до 3 јули 1944, и во [[Битка за Кохима|Битката за Кохима]], која траела од 4 април до 22 јуни 1944. Операцијата U-Go завршила во јуни 1944 со победа на Сојузниците. Втората голема офанзива, уште попозната како [[Операција Ichi-Go|Операцијата Ichi-Go]] имала за цел да ги собори главните кинески воени сили во областа Хенан со цел да се обезбедат железнички врски помеѓу окупираните територии од страна на Јапонија во југоисточните делови на континентална Азија, како и завземање на воздухопловните бази на Сојузниците во областа.

Сè што треба да направиш сега е да го гледаш кодот на англиската статија и да споредуваш паралелно со нашата статија, да ги пронаоѓаш референците (<ref></ref>) и да ги копираш кај нашата статија. Нема да биде тешко, оти е повеќе копирање само. Од нив ќе изменуваш само тоа „ p.123“ во „стр.123“ (обележувањето на бројот на страницата). Мислам дека ќе се снајдеш. Прашај ако ти треба нешто. --Brainmachinewtf? 16:45, 4 јули 2009 (UTC)

Ви благодариме за подигнувањето на Слика:Soviet flag on the Reichstag roof Khaldei.jpg. Страницата за опис на датотеката моментално не дава информации за тоа кој ја создал содржината, што спречува да се одреди статусот на авторските права врз неа. Ако не сте ја создале оваа датотека вие, ќе мора да го наведете сопственикот на авторските права. Ако сте ја нашле сликата на некое веб-место, тогаш би било доволно да доставите врска до веб-местото од каде што е земена сликата, заедно со условите за употреба на нивната содржина што се наведени на тоа веб-место. Меѓутоа, ако сопственикот на авторските права не е самиот издавач на веб-местото, треба да го дознаете сопственикот на авторските права.

Покрај додавање на изворот, ве молиме додадете и соодветна ознака за лиценцата што ни дозволува да ја користиме сликата, ако не е веќе додадена. Ако сликата, звукот или видео-клипот сте го направиле вие, тогаш можете да ја поставите ознаката {{Јд-јас}} или {{ГЛСД-корисник}}. Ако мислите дека датотеката спаѓа во неслободна содржина, искористете ознака како {{неслободна праведна употреба во|име-на-статија}} или една од ознаките наведени кај Википедија:Лиценци за слики#Праведна употреба. Видете Википедија:Лиценци за слики за целосен список на ознаки за авторски права и лиценци што може да ги користите.

Ако сте подигнале и други датотеки, ве молиме проверете дали сте го навеле нивниот извор и сте ги означиле правилно. Можете да погледнете список на датотеки што сте ги подигнале со кликнување овде. Сликите без извор и ознака може да бидат избришани една недела по откако биле означени како проблематични. Ако сликата е означена како неслободна, тогаш сликата ќе биде избришана 48 часа по 00:50, 29 јули 2009 (UTC). Ако имате било какви прашања, слободно прашајте некој администратор или обратете се до Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. ----Brainmachinewtf? 00:50, 29 јули 2009 (UTC)

Сликата од en.wiki[уреди извор]

Здраво, се извинувам што покасно ти одговорив, иако навреме ја забележав пораката и не ја избришав сликата, туку ја средив откако ја пронајдов на en.wiki. Еве како изгледа сега, а како изгледа на англиската Википедија. Инаку, зошто не се појавуваше сликата овде: сликите кои се подигнати на посебните јазични изданија ќе се појавуваат само на тие јазични изданија (таква беше оваа слика), а сликите кои се подигнати на Заедничката ризница се заеднички за сите јазични изданија и секаде можат да се употребат. Таквите слики јасно се обележани на страницата за опис на сликата дека потекнуваат од ризницата. Ако сакаш да пренесеш слика, на пример од en.wiki, само копирај го кодот на страницата од сликата од таму и кога ќе подигнуваш овде, залепи го кодот и преведи ги параметрите од англиски на македонски (спореди ги двете слики, таму и овде, за да видиш кои параметри се преведуваат). Ќе ти треба малку време да се навикнеш и да научиш, но не грижи се, можеш да сметаш на мојата помош. Поздрав, и уште еднаш, се извинувам што доцнам. --Brainmachinewtf? 07:47, 4 август 2009 (UTC)

Викимедија Македонија[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека во последните неколку месеци се трудиме да основаме здружение Викимедија Македонија, коешто ќе има за цел да ја промовира Википедија на македонски ајзик и останатите Викимедија проекти. Доколку сте заинтересирани, додаете го Вашето корисничко име овде. Доколку немате отворено корисничка сметка на Мета, сторете го тоа и притоа внимавајте да биде идентична како на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:18, 2 септември 2009 (UTC)

Здраво. Статијата е одлична. Размислував, истата да ја предложам како кандидат за избрана, но мислам дека проблем е што има премалку секции. Јас ја прочитав неколку пати и навистина не знам од каде да започнам во распределувањето на содржината во повеќе секции. Се надевам дека ќе ми помогнете, па наскоро статијата да биде избрана и објавена на главната страница. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:41, 26 декември 2009 (UTC)

Koki2008 (разговор) 14:31, 27 декември 2009 (UTC) И јас би сакал статијата да биде избрана, но поентата е во тоа дека јас ја преведував од статијата поставена на англиската верзија на Википедија. Како е дадена таму, така јас сум ја превел. Тоа што е за мене незадоволително е тоа што не ја преведов целосно, планирам да завршам со преводот, но не знам кога ќе го направам тоа. Ја преведував кон крајот на јуни 2009 и почетокот на јули 2009, а еве сега 2010 доаѓа и се уште немам доволно слободно време за да продолжам со преведувањето. Би сакал да можев некако да би помогнев, но јас само ја преведов статијата, не знам како поинаку да ја поделам на секции.

Re:Уредување на инфокутија[уреди извор]

Здраво, Koki2008. Сепак стануваше збор за грешка во синтаксата. Имено, шаблонот (инфокутија за државник) работи со параметрите умрел_дата= и умрел_место=, а не со „починал“. Еве ја поправката што ја направив и можеш да видиш дека инфокутијата сега ги прикажува вредностите.

Инаку, имам неколку ситни забелешки:

  • Датумите секогаш ги форматирај вака: [[12 јули]] [[1983]], а не вака: [[12 јули]], [[1983]] (со запирка);
  • Кај Втора светска војна, само првиот збор е со голема буква, 'светска' и 'војна' потоа се со мали букви;

Ако ти треба било што, знаеш. --Brainmachine (разговор) 16:16, 16 јули 2010 (CEST)[одговори]

Уште еден одговор[уреди извор]

Во инфокутијата само заменив потпретседател= со | заменик_претседател= (еве, вака). Сите прифатливи параметри за инфокутијата ти се наведени на оваа страница, под „Начин на користење:“. Поздрав и извини што доцна ти одговорив, имав проблеми со интернетот. --Brainmachine (разговор) 16:50, 23 јули 2010 (CEST)[одговори]

Вики средба[уреди извор]

Здраво. Ве известуваме дека на 4 август, со почеток во 19:00 во Пјаца Либерта, Скопје ќе се одржи Вики средба. Доколку сте во можност и сте заинтересирани да присуствувате Вашето присуство или евентуално отсуство може да го најавите овде. Доколку не сте присуствувале на некоја Вики средба и сакате да добиете повеќе информации, може да испратите порака на vikipedija@lists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор со потребните информации. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:56, 28 јули 2010 (CEST)[одговори]

Лидери по година[уреди извор]

Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:21, 12 октомври 2010 (CEST)[одговори]

Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година[уреди извор]

Изготвен е предлог „Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година“. Оваа година би сакале да ги вклучиме и членовите на вики заедницата и јавноста во процедурата на усвојување на програмскиот план, со јавно изложување на работната верзија на овие планови неколку месеци пред годишното собрание на Викимедија Македонија, кое ќе се одржи во втората половина на месец декември 2011 година. Сите заинтересирани имаат можност да дебатираат околу предлог целите. Како еден од активните корисници на Википедија ве повикувам да дадете свој придонес. Поздрав. --brest (разговор) 14:56, 19 октомври 2011 (CEST)[одговори]

Солидарност кон Википедија на руски јазик[уреди извор]

Здраво. Википедија на руски јазик денес не е достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:50, 10 јули 2012 (CEST)[одговори]

Јубилејна статија[уреди извор]

Здраво. Известување дека во тек е гласањето за избор на јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:18, 20 јули 2012 (CEST)[одговори]