Пропаст (филм)
| Пропаст | |
|---|---|
Плакатот на македонски јазик | |
| Режисер | Анджеј Бартковјак |
| Продуцент |
|
| Главни улоги | |
| Музика | Клинт Мансел |
| Кинематографија | Тони Пирс-Робертс |
| Монтажа | Дерек Бречин |
| Студио |
|
| Дистрибутер | Universal Pictures |
| Премиера | 17 октомври 2005 г. (Лос Анџелес) 21 октомври 2005 г. (САД) 27 октомври 2005 г. (Германија) 3 ноември 2005 г. (Чешка) 2 декември 2005 г. (Обединето Кралство) |
| Времетраење | 104 минути[2] |
| Земја | |
| Јазик |
|
| Буџет | 60 — 70 милиони долари |
| Бруто-заработка | 58,7 милиони долари |
Пропаст, познат и како Дум (англиски: Doom) — научнофантастичен филм на ужасите од 2005 г. во режија на Анджеј Бартковјак.[5] Филмот е заснован на серијата игри Doom од id Software.[6][7] Филмот бил објавен на 21 октомври 2005 г. во САД и на 2 декември 2005 г. во Обединетото Кралство.[8] Главните улоги во филмот ги играат Карл Урбан и Двејн Џонсон.[9][10] Заплетот на филмот раскажува за морнарички пешадинци што отишле на планетата Марс поради помошен сигнал добиен од истражувачки центар сместен на нејзината површина, а причината за тоа биле опитите со човечки хромозоми, што довеле до мутации на кадарот на центарот.[11]
На 7 февруари 2006 г., режисерскиот дел од филмот бил официјално објавен на ДВД, со 15 минути исечени од изворната верзија.
Содржина
[уреди | уреди извор]Филмот е заснован на силно изменет заплет на играта Doom 3.
Во 2026 г., длабоко под пустината Невада е откриен Ковчегот, портал црвоточина кон древен град на Марс. Дваесет години подоцна, 85 вработени во истражувачкиот објект на Обединетата воздухопловна корпорација (ОВК) на Марс се нападнати од непознат напаѓач. По повикот за помош испратен од д-р Кармак, екипа од осум морнарички пешадинци е испратен во истражувачкиот објект. Екипата ја сочинуваат водачот на екипата наредникот Ашер „Сарџ“ Махонин, Дјук, Грешникот, Уништувачот, Портман, Мек, Детето и Џон „Косачот“ Грим. Тие се испратени на мисија за пребарување и уништување на Марс, а ОВК е загрижена само за враќањето на компјутерските податоци од нивните опити со антропологија, археологија и генетика.
Екипата го користи Ковчегот за да стигне до Марс, наредувајќи објектот на Земјата да се затвори. По пристигнувањето на Марс, ги пречекува вработениот во ОВК, Пинки. Косачот ја пронаоѓа својата сестра близначка, д-р Сем Грим, и ја придружува за да ги врати податоците. Тој дознава дека е повторно отворено место за ископување, каде што нивните родители биле случајно убиени пред неколку години, и дека се откриени древни скелети на хуманоидна раса генетски унапредена со вештачки 24-ти пар хромозоми.
Додека пребаруваат за преживеани во објектот, морнаричките пешадинци наоѓаат трауматизиран и повреден д-р Кармак и го придружуваат до медицинската лабораторија за лекување, но тој подоцна исчезнува. Морнаричките пешадинци пукаат кон непознато суштество во генетската лабораторија, кое ги води до канализацијата на објектот, каде што го напаѓа и го убива Грешникот. Тие го убиваат суштеството и го носат во медицинската лабораторија, каде Сем извршува аутопсија и открива дека неговите органи се човечки. Таа и Дјук се сведоци како Грешникот воскреснува и се убива, удирајќи ја главата од зајакнат прозорец. Тие двајца се нападнати од суштество за кое наскоро заклучуваат дека е мутираниот д-р Кармак.
Екипата систематски ги следи и уништува неколку од суштествата, иако Мек, Уништувачот и Портман умираат во тој процес. Разгневениот Сарџ го убива мутираниот д-р Кармак. Сем, Косачот и Сарџ дознаваат дека ОВК експериментирала на луѓе користејќи го дополнителниот марсовски хромозом (C24) собран од остатоците на древните скелети, но мутантите избегале, што довело до избивањето. Сем и Косачот се обидуваат да го убедат Сарџ дека суштествата се луѓе од објектот, мутирани од C24-серумот и дека не сите од заразените целосно ќе се претворат во суштества. Сем претпоставува дека некои од оние на кои им е вбризган C24 ќе развијат натчовечки способности, но ќе ја задржат својата човечност, додека другите со предиспозиција за насилно или психотично однесување ќе станат суштества, шема што таа верува дека се случила и со Марсовците, кои го изградиле Ковчегот за да избегаат.
Некои суштества го користат Ковчегот за да стигнат до Земјата, каде што го масакрираат или мутираат истражувачкиот кадар. Морнаричките пешадинци, Сем и Пинки ги следат, а Сарџ ѝ наредува на екипата да го исчисти целиот објект. Кога Детето го известува Сарџ дека нашол група преживеани, но одбива да ги убие, Сарџ го погубува Детето поради непослушност, што води до судир со вооружениот Пинки. Групата е ненадејно нападната од суштества што го убиваат Дјук и ги влечат Сарџ и Пинки. Косачот е ранет од куршум што се одбил. За да го спречи да искрвари до смрт, Сем му вбризгува на својот брат C24-серум.
Косачот се освестува и открива дека неговите рани се излечиле и дека Сем ја нема. Користејќи ги своите нови натчовечки способности од C24, тој се бори низ објектот, дури се бори и со мутираниот и чудовиштен Пинки пред да ја најде Сем во бесознание со Сарџ, кој се заразил и ја убил групата преживеаници што Детето претходно ги нашол. Косачот и Сарџ се борат, и двајцата со унапредени натчовечки моќи. Косачот успева да ја добие надмоќта и го фрла Сарџ низ Ковчегот назад кон Марс заедно со граната, што ги уништува Сарџ и објектот на Марс. Потоа Косачот ја носи својата сестра во бесознание до лифтот и се вози назад до нивото на земјата во Невада.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Карл Урбан | Џон „Косачот“ Грим |
| Двејн Џонсон | Ашер „Сарџ“ Махонин |
| Розамунд Пајк | д-р Саманта Грим |
| Бен Даниелс | Ерик „Грешникот“ Фантом |
| Ал Вивер | Марк „Детето“ Данталијан |
| Раз Адоти | Грегори Шофилд |
| Деобија Опареј | Рорк „Уништувачот“ Ганон |
| Ричард Брејк | Дин Портман |
| Роберт Расел | д-р Тод Кармак |
| Декстер Флечер | Маркус „Пинки“ Пинзеровски |
| Јао Чин | Кацухико Куманосуке „Мек“ Такахаши |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Doom“. DNEG.com. Архивирано од изворникот March 19, 2022. Посетено на April 3, 2022.
- ↑ „'DOOM' (15)“. Британски одбор за филмска класификација. 18 октомври 2005. Посетено на 23 февруари 2016.
- ↑ „Doom (2005)“. British Film Institute. Архивирано од изворникот на 2 август 2012. Посетено на November 20, 2012.
- ↑ Deming, Mark. „Doom (2001)“. AllMovie. RhythmOne. Посетено на 20 ноември 2012.
- ↑ „The F*ckin Black Sheep: Doom (2005)“. Архивирано од изворникот на 2016-11-25. Посетено на 2016-11-24. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=(се препорачува|url-status=) (help) - ↑ „How 'The Rock' Turned Back into Dwayne Johnson“. Архивирано од изворникот на 2017-12-04. Посетено на 2017-09-28. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=(се препорачува|url-status=) (help) - ↑ „5 Sci Fi Video Game Movies We Want To See!“. Архивирано од изворникот на 2016-11-25. Посетено на 2016-11-24. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=(се препорачува|url-status=) (help) - ↑ „Feature and TV films“. Архивирано од изворникот на 2016-11-08. Посетено на 2016-11-05. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=(се препорачува|url-status=) (help) - ↑ „'Ray Donovan' season 4 cast update: The details so far“. Архивирано од изворникот на 2016-11-25. Посетено на 2016-11-24. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=(се препорачува|url-status=) (help) - ↑ „'MythBusters' Doom Episode: Adam Savage & Jamie Hyneman Explore The Most Mind-Boggling Video Game Question in History“. Архивирано од изворникот на 2016-11-25. Посетено на 2016-11-24. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=(се препорачува|url-status=) (help) - ↑ „Movie and TV Martians before 'The Martian'“. Архивирано од изворникот на 2016-11-24. Посетено на 2016-11-24. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=(се препорачува|url-status=) (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Пропаст (филм)“ на Ризницата ? |
- Doom на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)