Притискач

Од Википедија — слободната енциклопедија

Притискач[1][2] — вид на кратко шајче кое најчесто се користи за прицврстување работи на ѕидови или табли или за обележување места на карта. Во најголем број на случаи главна одлика му е што може лесно да се прицврсти и да се отстрани со рака[3]. Се користат и за тапацирање на мебел.

Притискачот не треба да се меша со кратката и цврста игра со сферична глава - безопасната што се користи за спојување на неколку одделни текстилни материјали.

Историја[уреди | уреди извор]

Табла на куќата во која живеел Јохан Кирстен

Притискачот бил патентиран од Едвин Мур во 1900 година со цел означување на места на карта. Подоцна, во 1902 или 1903 година, германскиот конструктор на часовници од Лихен, Јохан Кирстен, осмислил притискачи со рамни глави со цел да поставува цртежи на ѕид[4], но својот изум им го продал на Ото и Пол Линдштед, сопственици на фабрика за мебел, кои го патентирале и заработиле многу пари од него.[5] Некои извори му го припишуваат овој изум на Австриецот Хајнрих Сакс, кој сличен едноделен предмет почнал да користи уште во 1888 година.[6]

Дизајн[уреди | уреди извор]

Притискачите имаат два главни дела: главата и телото, односно острицата. Главата обично е направена од пластика, метал (исто како и телото) или дрво. Треба да биде доволно широка за да може да се користи само со раце. Може да биде со различни облици, а најзастапени се рамни, цилиндрични, со помал или поголем лак, топчести, како и во облик на срце, ѕвезда или слични украсни облици, како и разни бои. Обликот на главата зависи од намената. Така, цилиндричните или топчестите глави во боја се посоодветни за обележување места на картата, додека рамните глави се посоодветни за тапацирање на мебел поради потешкото вадење. Поверојатно е дека притискачите со рамни глави ќе се вртат со боцката нагоре, што создава ризик од повреда. Нивните рамни глави обично се обложени со пластика за да се намали ризикот од повреда при вадење.[7]

Врвот обично е направен од месинг, калај или железо.

Начин на производство[уреди | уреди извор]

Притискачите се прават со провлекување на парче подебела жица низ дупка на рамно парче метал што ќе биде глава и со нивно спојување со електролиза. Потоа на главата се става пластична капа.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „притискач“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „притискач“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „drawing, n.“. Oxford English Dictionary. Oxford University Press.
  4. Rubino, Anthony (2011). Essential Shit: Bollock's! Why didn't I think Of That?. David & Charles. стр. 56. ISBN 9781446354834.
  5. „DeutschlandRadio Berlin — LänderReport — Die Geburt der Reißzwecke“. Архивирано од изворникот на 01. 03. 2005. Посетено на 04. 09. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  6. „Chronik der Heinrich Sachs KG“. Архивирано од изворникот на 07. 04. 2008. Посетено на 13. 09. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  7. Teelucksingh, S; V Naraynsingh (1997). „Injury to diabetic feet by thumb tacks“. The Lancet. 350 (9070): 74-.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Rubino, Anthony (2011). Essential Shit: Bollock's! Why didn't I think Of That?. David & Charles. стр. 56. ISBN 9781446354834.CS1-одржување: ref=harv (link)