Престолнина на модата
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |

Моден град е градот каде што модната индустрија има релевантна и значајна позиција во локалната економија. Производството и извозот на добра, како и модните настани - модни недели, саеми и доделување на награди, ја подобруваат економијата и го покажуваат годишниот приход и позитивно влијае на другите сектори, како на пример секторот за услуги. Покрај економската моќ, во модниот град има активна забава и културна сцена кои ги привлекуваат туристите и потрошувашите, не само поради модата, туку и поради разновидноста на слободните активности. Модниот град треба да биде предмет на инспирација за професионалците кои живеат таму, со активна, јасна, силна и единствена субкултура од која можат да се инспирираат на само професионалците во модата, туку и луѓето во градот претворајќи го уличниот стил и уличната култура во важна одлика. Мешањето на модата, бизнисот, забавата, културата и слободните активности го прават градот привлечен и меѓународно признат како моден центар со свој единствен и силен идентитет, разликувајќи се во одредени одлики.
Главни градови на модата[уреди | уреди извор]
Денес, Њуjорк и Милано се сметаат за економски и медиумски престолнини на модата во светот. Според Глобалниот Јазичен Монитор , Њуjорк се наоѓа на првото место пет последователни години, но сепак во 2009 година беше поразен од Милано. Модата во овие градови сè повеќе се концентрира на економијата и медиумскиот успех, отколку на убавината и елеганцијата. И двата града имаат долга традиција на совршеност и креативност во дизајнот (особено Милано кој е дом на едни од најпознатите модни уметници во светот, како што се Версаче, Армани, Долче и Габана и многу други) и долги години претставувале значајни историски центри на уметнчкиот моден дизајн. Модaта во Милано се смета за практична, но во исто време елегантна и многу префинета, концентрирајќи се повеќе на модерната конфекциска облека, отколку на скапата облека од високата мода. Слична ваква е и модата во Њуjорк. Меѓутоа, и двата града имаат првокласна висока мода и трговски центри од високата мода. Од не економски гледна точка, Париз и Лондон се сметаат за симболични модни центри во Европа поради долготрајната историја како центри на уметноста и модата и како дом на неколку високо престижни модни куќи. Сепак, според Глобалниот Јазичен Монитор се поразени од поуспешните економски градови како Њуjорк и Милано. Иако овие градови се многу успешни и имаат добар меѓународен углед во светот, повеќе се познати по престижот и елеганцијата на модните дизајни отколку по економскиот успех. ( модните творци во Лондон се познати по нивната претерана ексцентричност, додека пак Париските дизајнери се познати по нивната елегантна и формална облека ). Други главни центри на модата во светот се Лос Анџелес, Рим, Сиднеј, Токио, Барселона, Лас Вегас, Торонто, Шангај и Дубаи. Меѓутоа, во последните години се зголеми значењето на модната индустрија во многу градови во светот како што се Чикаго, Сао Паоло и Сиднеј.
Ранг список на модни градови[уреди | уреди извор]
позиција | град | регион |
---|---|---|
1 | Њујорк | Североисточна Америка |
2 | Хонгконг | Источна Азија |
3 | Лондон | Западна Европа |
4 | Париз | Западна Европа |
5 | Лос Анџелес | Западна Америка |
6 | Милано | Западна Европа |
7 | Сиднеј | Океанија |
8 | Мајами | Јужна Америка |
9 | Барселона | Јужна Европа |
10 | Мадрид | Јужна Европа |
11 | Мелбурн | Океанија |
12 | Шангај | Источна Азија |
13 | Сао Паоло | Латинска Америка |
14 | Токио | Источна Азија |
15 | Сингарпур | југоисточна Азија |
16 | Лас Вегас | Западна Америка |
17 | Амстердам | Западна Европа |
18 | Берлин | Западна Европа |
19 | Рио де Жанеиро | Латинска Америка |
20 | Москва | Источна Европа |
21 | Дубаи | Среден Исток |
22 | Рим | Јужна Европа |
23 | Кејптаун | Јужна Африка |
24 | Буенос Аирес | Латинска Америка |
25 | Јоханесбург | Јужна Африка |
Региони[уреди | уреди извор]
Глобалниот Јазичен Монитор во 2009 година ги опиша овие водечки модни градови во нивните одделни региони.
- Азија и Океанија: Хонгконг, Сиднеј, Токио, Шангај, Бангкок.
- Европа: Милано, Париз, Рим, Лондон, Барселона, Берлин, Мадрид, Стокхлом, Копенхаген и Амстердам.
- Индија: Мумбај и Њу Делхи.
- Латинска Америка: Сао Паоло, Рио де Жанеиро, Сантјаго, Буенос Аирес и Мексико.
- Средна и Источна Европа: Москва, Краков и Прага.
- Среден Исток и Африка: Бејрут, Дубаи, Јоханесбург и Кејптаун.
- Северна Америка: Њуjорк, Лос Анџелес, Лас Вегас, Мајами, Далас, Торонто, Монтреал и Атланта.
Глобалниот Јазичен Монитор во 2008 година ги опиша овие воде~ки модни градови во нивните одделни региони.
- Азија и Океанија: Сиднеј, Токио, Хонгконг, Шангај, Сингапур, Бусан и Бангкок.
- Европа: Рим, Париз, Милано, Лондон, Берлин, Мадрид, Стокхлом, Барселона и Копенхаген.
- Индија: Мумбај и Њу Делхи
- Латинска Америка: Сао Паоло, Сантјаго, Буенос Аирес и Рио де Жанеиро.
- Средна и Источна Европа: Москва, Краков и Прага.
- Среден Исток и Африка: Дубаи, Јоханесбург и Кејптаун
- Северна Америка: Њуjoрк, Лос Анџелес, Лас Вегас, Мајами, Торонто и Монтреaл