Предраг Милетиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Предраг Милетиќ
Предраг Милетић
Предраг Милетиќ
Роден(а)27 септември 1952 година
Ниш СФРЈ СФРЈ
НационалностСрбија
ЗанимањеГлумец
Активен1977 - денес
СопружникГордана Милетиќ
ДецаВук Милетиќ
Тадија Милетиќ

Предраг Милетиќ (Ниш, 26 септември 1952 година) е српски театарски, филмски и телевизиски актер.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Предраг Милетиќ е роден во Ниш, во СФР Југославија. Неговата мајка Ружица Милетиќ (роденото Илиќ) била домаќинка, а татко му бил познатиот поручник Владимир Милетиќ (1919-2010), југословенски разузнавачки офицер, добитник на бројни одликувања, меѓу кои и два медали за храброст. Неговото име го носи улицата во Сичево каде живеел Владимир Милетиќ.[1] Предраг има една сестра, Славица. Како дете, Предраг живеел во Ниш со своето семејство, а се преселил во Белград за да студира на Факултетот за драмски уметности. Оженет е со сопругата Гордана и има два сина кои исто така се занимаваат со театар, Вук, продуцент и менаџер во културата и уметноста, и Тадија, драматург и режисер.[2]

Образование[уреди | уреди извор]

По завршувањето на гимназијата се запишал во драмското студио во Народниот театар во Ниш. По завршувањето на студиите продолжил со стручното усовршување и една година поминал во професионалниот ангажман на Нишкиот народен театар. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, во класата на професорката Огњенка Милиќевиќ, со асистентот Владимир Јевтовиќ.[3] Стручно се усовршувал на семинарите на Олга Сковран и Ева Рут-Ронен од Кралската академија за драмски уметности во Лондон.

Кариера[уреди | уреди извор]

Постојано е вработен во Народниот театар во Белград од 1985 година. Првата главна улога во театарот ја игра во претставата „Ла мама“, улогата на Антонио, на Театарот на Теразиите во Белград. Глумел во над шеесетина домашни и странски серии и филмови и е единствениот глумец на Народниот театар кој истовремено бил ангажиран и во оперскиот и во драмскиот сектор.[4] Автор е на книгата Со велосипед до Хиландар, во која го опишува своето патување од Белград до манастирот Хиландар на Света Гора, во друштво на неговиот кум, познатиот српски соло пејач, Оливер Њега. Од 2014 година е претседател на управниот одбор на Куклениот театар „Пинокио“,[5] а од 2015 до 2018 година бил претседател на програмскиот совет, а од 2019 г. е избран за селектор на Меѓународниот фестивал на монодрама и пантомима во Земун.[6]

Кариера[уреди | уреди извор]

Предраг Милетиќ во текот на својата кариера глумел во повеќе од сто театарски претстави, филмови, опери и серии. Некои од најпознатите дела се претставени во лиота.

Филмови[уреди | уреди извор]

Телевизија[уреди | уреди извор]

Претстави[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Дирекција за изградњу града Ниша, Билтен 2015 - ..."преко реке Нишаве у селу Сићево, Улица Владимира Милетића." (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-10-20. Посетено на 2022-01-26.
  2. „Апсолутна преданост раду – упознајте Тадију Милетића“. Српски академски круг. 29. 5. 2015. Архивирано од изворникот на 01. 10. 2015. Посетено на 30. 9. 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  3. Предраг Милетић, оставили су трага
  4. Биографија Предрага Милетића на сајту Народног позоришта
  5. ОБЕЛЕЖЕНА ЗАВЕТНА СЛАВА ПОЗОРИШТА ЛУТАКА ”ПИНОКИО”
  6. „О фестивалу, Фестивал монодраме и пантомиме“. Архивирано од изворникот на 08. 07. 2015. Посетено на 10. 07. 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]