Балкан експрес 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Балкан Експрес 2)

„Балкан експрес 2“ — југословенски филм од 1989 година, во режија на Предраг Антонијевиќ и Александар Ѓорѓевиќ, по сценариото на Гордан Михиќ. Главните улоги ги играат: Бора Тодоровиќ, Оливера Марковиќ, Велимир-Бата Живоиновиќ, Александар Берчек, Аница Добра, Воја Брајовиќ, Радко Полич и Бранко Цвејиќ.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Музичарите од оркестарот „Балкан експрес“ ги минува првите месеци од војната грижејќи се само да ги сочуваат своите животи. Меѓутоа, сосема случајно, тие стануваат помагачи на една партизанска диверзија, а со тоа — херои. Поради тоа, тие мора да побегнат на другиот крај на земјата, но нив ги следи Гестапо. Музичарите се кријат во борделот „Салонот Марлен“ во кој врие од шпиони. Таму, тие запаѓаат во нова низа трагикомични ситуации.

Наводи[уреди | уреди извор]