Потекло (роман од Ден Браун)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Потекло  
АвторДен Браун
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
СеријалРоберт Ленгтон
Жанр(ови)Крими, мистерија, трилер
ИздавачDoubleday
Издаденаоктомври 2017
МедиумPrint, Audiobook, ebook.
ПретходнаПеколот

Потекло (англиски: Origin) — роман од американскиот автор Ден Браун[1] издаден во 2017 година и петто издание во кое како главен лик се појавува во Роберт Ленгтон, по Ангели и демони, Кодот на Да Винчи, Изгубениот симбол и Пеколот. Книгата била објавена на 3 октомври 2017 од страна на Doubleday[2][3]. Дејството во книгата се одвива во Шпанија.

Содржина[уреди | уреди извор]

Роберт Лангдон, професор по симбологија и религиска иконологија на „Харвард“ пристигнува во ултрамодерниот музеј „Гугенхајм“ во Билбао за да присуствува на едно многу важно соопштение – објавувањето на едно откритие кое „засекогаш ќе ја промени науката“. Домаќин на вечерта е Едмонд Кирш, четириесетгодишен милијардер и футурист чии зашеметувачки, високотехнолошки пронајдоци и смели предвидувања го направиле светски почитувана личност. Кирш, кој пред две децении бил еден од првите студенти на Лангдон на „Харвард“, само што не објавил едно неверојатно откритие…

Но, детално испланираната вечер одеднаш се претвора во хаос, а на скапоценото откритие на Кирш му се заканува опасност да биде загубено засекогаш.

Наводи[уреди | уреди извор]