Дигитална тврдина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дигитална тврдина
Digitalna tvrdina.jpg
Македонска корица
АвторДен Браун
Изворен насловDigital Fortress
ПреведувачМарија и Метју Џонс
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
Жанрнаучна фантастика,
техно-трилер
ИздавачSt. Martin's Press
Издадена
1996
Страници407
СледнаAngels & Demons 


Македонско издание на книгата (Издание на Магор)

Дигитална тврдина (англиски:Digital Fortress) е првиот роман на американскиот автор Ден Браун.

Содржина[уреди | уреди извор]

Кога непобедливата машина за пробивање на кодови на Агенцијата за национална безбедност ќе се соочи со таинствениот код што не може да го пробие, агенцијата ќе го повика својот главен криптограф, Сузан Флечер, брилијантна, убава математичарка. Она што таа ќе го открие ќе ги затресе коридорите на моќта. Агенцијата ќе биде држена во заложништво, не со оружје и бомби, туку со помош на код - толку комплексен што може да го осакати разузнавањето на САД, ако се активира. Фатена во се позаврзана бура од тајни и лаги, Флечер се бори да ја спаси агенцијата во која што верува. Предадена од сите страни, таа се наоѓа себеси како се бори не само за својата татковина, туку и за својот живот, а на крајот, и за животот на човекот што го сака.

Критики[уреди | уреди извор]

„Во оваа убедлива приказна со брзо темпо, Браун ја заматува границата меѓу доброто и злото доволно за да ги воодушеви и патриотите и параноиците подеднакво.“ - Публишер Викли[1]

„Мајсторски... со постепено забрзување и интензивирање на опасностите што го задржаа моето внимание уште од првата страница.“ - ПРОВИДЕНС САНДЕЈ ЏОУРНАЛ


  1. „Digital Fortress | Dan Brown“. danbrown.com. Посетено на 2022-01-29.