Позната личност

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Позната личност“ (англиски: Celebrity) — американски филм од 1998 година, во режија на Вуди Ален. Главните улоги ги толкуваат: Кенет Брана, Џуди Дејвис, Винона Рајдер Леонардо ди Каприо, Фамке Јансен, Шарлиз Терон, Џо Мантења и Мелани Грифит. И во овој филм, Ален ги разработува љубовните односи меѓу мажите и жените, но и односот меѓу уметноста и успехот.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Ли Сајмон (го игра Брана) е новинар кој ги посетува местата на кои се снимаат филмовите и ги интервјуира славните глумци. Тој се обидува да направи карира како писател, но никако не може да го заврши започнатиот роман. Тој е во брак со својата средношколска љубов Робин (ја игра Дејвис), но во последно време чувствува заситеност. Кога ѝ признава дека ја изневерил, таа му простува зашто многу го сака, но Ли сака да ја напушти Робин во потрага по нови нешта, места и луѓе. Тој е полуден по убавата манекенка (ја игра Терон) која тврди дека секој допир ѝ предизвикува оргазам. Исто така, Ли ја запознава и убавата филмска статистка Нола (ја игра Рајдер), а започнува врска со Бони, уредничката во едно издавачко претпријатие (ја игра Јансен). Таа го убедува дека неговиот роман е одличен и дека мора да го заврши. Ли ги врбува филмскиет ѕвезди да ги прифатат улогите во филмот кој би се снимал според неговото сценарио, зашто само така ќе може да ги заинтересира филмските продуценти да го финансираат снимањето. На патот кон славата, Ли минува низ разни случки кои никогаш не би ги избрал: забави, групен секс, кокаин, пијанки итн. Во меѓувреме, Робин, чија самодоверба е уништена откако ја напушта Ли, запознава филмски продуцент кој се вљубува во неа, ја вработува и ја убедува дека е привлечна жена...

Наводи[уреди | уреди извор]