Повит
Повит | |
---|---|
Цвет на повит | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
Ред: | Лутиковидни |
Семејство: | Лутичиња |
Род: | Повит L.[1] |
Синоними | |
Atragene L. |
Повит[2][3] или павит[4][5] (науч. Clematis) — род од семејството на лутичињата (Ranunculaceae).
Вклучува околу 300 видови тревни повеќегодишни растенија со дрвенести корени и ползечки, полудрвени, зимзелени или листопадни растенија. Тие се наоѓаат во двете полутопки, особено во Европа, Хималаите, Кина, Австралија, Северна Америка и Средна Америка. Се одгледуваат поради изобилното, многу декоративно цветање.
Опис на посебностите на повитот
[уреди | уреди извор]Листовите му се спротивни и често сложени. Венечните ливчиња не се разликуваат од чашкините, или сепалите се слични на ливчињата; најчесто има 4, 6 или 8 од нив. Нектарот понекогаш се наоѓа во основата прашниците. Кога се развиваат плодовите, повитот брзо се препознава меѓу другите растенија. Овошјето се нарекува голц. Плодовите имаат издолжен врат. Овие вратови се свилени и меки. Оваа одлика не се појавува кај сите видови, но ја има обичниот повит (Clematis vitalba ), еден од ретките повити во Словенија.
Одгледувани видови
[уреди | уреди извор]Доцноцветните, крупноцветните одгледувани сорти имаат надворешно свртени, широко распространети, необесени, широки од 6 до 15 cm цветови, кои се развиваат во лето или рана есен на нови фиданки. Лесно ја поднесува зимата, бојата на цвеќето кај многу видови и сорти е под влијание на климатските услови. Во потоплите клими, повеќето растенија имаат потемни цветови.
Разновидноста на повити во светот
[уреди | уреди извор]Досега се опишани над 300 вида повити, од кои некои се наведени во списокот подолу:
- Clematis addisonii
- Clematis aethusifolia
- Clematis afoliata
- Clematis akebioides
- Clematis alpina (планински повит)
- Clematis apiifolia
- Clematis argentilucida
- Clematis aristata
- Clematis arizonica
- Clematis armandii
- Clematis aromatica
- Clematis aspleniifolia
- Clematis austrojapanensis
- Clematis bojeri
- Clematis boninensis
- Clematis Brachiata
- Clematis brevicaudata
- Clematis buchananiana
- Clematis calycina
- Clematis campaniflora
- Clematis chinensis
- Clematis chrysocoma
- Clematis cirrhosa
- Clematis coccinea
- Clematis colensoi
- Clematis commutata
- Clematis connata
- Clematis crassifolia
- Clematis crispa
- Clematis daurica
- Clematis davidiana
- Clematis delavayi
- Clematis denticulata
- Clematis durandii
- Clematis eriostemon
- Clematis fargessii
- Clematis filamentosa
- Clematis finetiana
- Clematis flabellata
- Clematis flammula
- Clematis florida
- Clematis foetida
- Clematis fortunei
- Clematis fremontii
- Clematis fruticosa'
- Clematis fujisanensis
- Clematis fusca
- Clematis gentianoides
- Clematis glauca
- Clematis globosa
- Clematis globulosa
- Clematis glycinoides
- Clematis gouriana
- Clematis gracilifolia
- Clematis grandiflora
- Clematis grata
- Clematis graveolens
- Clematis grewiiflora
- Clematis henryi
- Clematis heracleifolia
- Clematis hexasepala
- Clematis hilarii
- Clematis hirsuta
- Clematis hirsutissima
- Clematis hybrid
- Clematis incisodentata
- Clematis indivisa
- Clematis integrifolia
- Clematis intermedia
- Clematis intricata
- Clematis jackmanii
- Clematis japonica
- Clematis koreana
- Clematis lanuginosa
- Clematis lasiandra
- Clematis lasiantha
- Clematis ligusticifolia
- Clematis macropetala
- Clematis mandshurica
- Clematis maximowicziana
- Clematis meyeniana
- Clematis microphylla
- Clematis montana
- Clematis montevidensis
- Clematis morefieldii
- Clematis ochotensis
- Clematis ochroleuca
- Clematis orientalis
- Clematis paniculata
- Clematis parviloba
- Clematis patens
- Clematis pauciflora
- Clematis peterae
- Clematis pierotii
- Clematis pinnanta
- Clematis pitcheri
- Clematis pogonandra
- Clematis potaninii
- Clematis pseudoflammula
- Clematis pubescans
- Clematis recta
- Clematis vitalba
- Clematis viticella
Употреба
[уреди | уреди извор]На некои места младите ластари се јадат како аспарагус или се киселат во оцет.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Genus: Clematis L.“. Germplasm Resources Information Network. United States Department of Agriculture. 2000-12-20. Архивирано од изворникот на 2009-06-17. Посетено на 2011-02-02.
- ↑ „повит“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „повит“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „павит“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „павит“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Tomaž Petauer (1999). Leksikon rastlinskih bogastev. Tehniška založba Slovenije. ISBN 86-365-0133-4.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Повит на Ризницата ?
- American Bells - A guide to the species in subgenus Viorna
- American Clematis Society
- Clematis viorna images at bioimages.vanderbilt.edu
- Clematis virginiana images at bioimages.vanderbilt.edu
- International Clematis Society
- . The American Cyclopædia. 1879.
|
|