Парабола за загубената овца

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Добриот пастир, ранохристијанска уметност, 300 година.

Парабола за загубената овца — една од најпознатите Исусови приказни. Приказната зборува за овчар кој изгубил една овца, а тој ги остава сите други за да ја најде. Оваа приказна влијаела на идејата за Исус како добар пастир.[1]

Приказната е запишана во канонските евангелија според Матеј (18:12–14) и Лука (15:3–7), како и во неканонското евангелие според Тома (Изреди 107). Евангелието според Лука содржи уште две слични параболи за губење и искупување, параболата за загубената драхма и параболата за загубениот син, која Исус ја раскажува откако свештениците го обвиниле дека се дружи со „грешниците“.[2]

Парабола[уреди | уреди извор]

Според Матеј[уреди | уреди извор]

Евангелието според Матеј ја раскажува следнава Исусова парабола:

12. Како ви се чини? Ако некој има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте в планина и да појде да ја бара загубената овца?

13. Па, ако се случи да ја најде, вистина ви велам, ќе се радува за неа повеќе отколку за деведесет и деветте загубени.
14. Така и вашиот Отец небесен не сака да загине ниедно од овие, маливе.

— Евангелие според Матеј, 18:12–14 [3]

Според Лука[уреди | уреди извор]

Евангелието според Лука ги цитира следниве зборови на Исус:

4. Кој од вас, имајќи сто овци, кога загуби една од нив, не ќе ги остави деведесет и деветте во пустината и не ќе тргне по загубената, додека не ја најде?

5. А откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен;
6. и кога ќе дојде дома, ќе повика пријатели и соседи, и ќе им рече: „Радувајте се со мене, оти ја најдов мојата загубена овца!“
7. Ви велам, дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, што немаат потреба од каење.

— Евангелие според Лука, 15:4–7 [4]

Според Тома[уреди | уреди извор]

Евангелието според Тома ја запишува следната верзија на приказната:

Царството е исто како пастирот со сто овци: едната, најголемата, залутува; ги остава деведесет и деветте и ја бара таа едната додека не ја најде. Потоа, по толку труд, ѝ вели на овцата: Те сакам повеќе од оние деведесет и деветте. — Евангелие според Тома

Толкувања[уреди | уреди извор]

Оваа приказна дели заедничка тема со две други слични приказни за загуба и пронаоѓање: приказната за загубената драхма и приказната за загубениот син. Загубена овца или паричка претставува загубено човечко суштество. Во оваа аналогија, Исус е пастир, кој се поистоветува со ликот на Бог како пастир што ги бара загубените овци во Езекиел 34: 11–16.[2]

Џоел Грин смета дека овие споредби се првенствено за Бога и нивната цел е да ја покажат „природата на божествениот одговор на враќањето на загубениот“.[5] Радоста на пастирите ја претставува радоста Божја, што е спротивно на укорот на верските водачи на кои им е упатена оваа проповед.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Walter Lowrie, Art in the Early Church. Предлошка:Page1
  2. 2,0 2,1 Richard N. Longenecker, The Challenge of Jesus' Parables, Eerdmans. Парабола за загубената овца
  3. „Свето евангелие според Матеј“. Свето писмо. Посетено на 13 мај 2022.
  4. „Свето евангелие според Лука“. Свето писмо. Посетено на 13 мај 2022.
  5. 5,0 5,1 Joel B. Green, The Gospel of Luke, Eerdmans. Парабола за загубената овца

Надворешни врски[уреди | уреди извор]