Парабола за работниците во лозјето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илустрација на приказната за работниците во лозјето во византиски ракопис од 11 век.

Парабола за работниците во лозјето (или парабола за дарежливиот работодавач) — една од Исусовите алегориски приказни, забележена во Евангелието според Матеј.

Приказната зборува за тоа како работодавач им плаќал иста дневница на работниците кои дошле подоцна и работеле помалку како на оние кои од утрото работеле во лозјето. Вообичаеното толкување е дека секој што го прифаќа повикот на Царството Божјо, без разлика колку доцни, добива награда еднаква на оние кои биле верни најдолго време.

Парабола[уреди | уреди извор]

Евангелието според Матеј ја раскажува следната Исусова алегориска приказна:

1. Зашто царството небесно прилега на домаќин, кој излегол наутро рано да најми работници за своето лозје.

2. Па, штом се погоди со работниците по динариј на ден, ги прати во лозјето свое.
3. Потоа, кога излезе околу третиот час и виде други како стојат на пазариштето без работа,
4. им рече: „Одете и вие во моето лозје, па што е право, ќе ви дадам.“ И тие отидоа.
5. Пак излезе околу шестиот и деветтиот час и направи исто.
6. А околу единаесеттиот час одново излезе и најде други, како стојат без работа, и им рече: „Зошто стоите тука цел ден без работа?“
7. Тие му одговорија: „Никој не нè повика.“ А тој им рече: „Одете во моето лозје и, што е право, ќе добиете.“
8. А кога се стемни, господарот на лозјето му рече на својот настојник: „Повикај ги работниците и плати им, почнувајќи од последните па до првите.“
9. И дојдените околу единаесеттиот час добија по динариј.
10. А кога дојдоа првите, помислија дека ќе примат повеќе; но и тие добија по динариј;
11. и штом добија, негодуваа против господарот
12. и велеа: „Оние последните работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, што ја претрпевме тегобата на денот и жегата.“
13. А тој им одговори и му рече на еден од нив: „Пријателе, не те онеправдувам: нели се погоди со мене за динариј?
14. Земи си го своето и оди си; и на овој, последниов сакам да му дадам колку и на тебе;
15. зар немам право да чинам со своето, што сакам? Или ти е окото завидливо, оти сум добар?“
16. Така ќе бидат последните први, а првите – последни; зашто мнозина се повикани, а малцина избрани.

— Евангелие според Матеј (20:1–16)[1]

Толкувања[уреди | уреди извор]

Динариј е всушност антички денариус, сребрена монета што била вообичаена работничка дневница во времето на Исус. Приказната се потпира на согласноста на публиката дека ова е правична плата за цел ден работа.[2]

Работниците во лозјата биле сиромашни и работеле како привремени земјоделски работници за време на бербата.[3] Втората смена се приклучила околу „третиот час“, што, според еврејско броење, е девет часот наутро; понатаму: шестиот час е пладне, а единаесеттиот час е пет часот попладне.[3] Работодавецот гледа дека се сиромашни и дека на сите им треба полна дневница за да ги прехранат своите семејства.[2][3] Плаќањето навечер ги следи упатствата од Стариот завет:[2]

За разлика од рабинските приказни со слична тематика, оваа парабола ја нагласува незаслужената Божја милост, наместо „заработување“ на Божјата наклоност во која било смисла.[2][3] Поради оваа причина, тоа е слично на параболата за блудниот син.[2] Параболата често се толкува во смисла дека дури и оние кои подоцна се покајуваат во животот ја добиваат истата награда, заедно со оние кои се преобратиле порано. Алтернативно толкување ги идентификува раните работници како Евреи, од кои некои им негираат на подоцнежните новодојденци (неевреи) подеднакво добредојде во Царството Божјо.[4]

По повод расправата за идентитетот на работниците во лозјето, Арланд Хултгрен пишува:

Додека ја толкуваме и применуваме оваа приказна, неминовно се поставува прашањето: Кои се работниците на единаесеттиот час во наше време? Можеби сакаме да ги именуваме како преобратеници на умирање или како луѓе презирани од долгогодишните ветерани и од оние кои се пожестоки во верската посветеност. Но, најдобро е да не го стеснуваме полето премногу брзо. На подлабоко ниво, сите ние сме работници од единаесеттиот час; сите ние сме почесни гости на Бога во царството. Навистина не треба да се одлучува кои се работниците на единаесеттиот час. Поентата на приказната - и на ниво на Исус и на евангелието по Матеј воопшто - е дека Бог спасува со милосрдие, а не со нашето достоинство. Тоа важи за сите нас.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Свето евангелие според Матеј“. Свето писмо. Посетено на 14 мај 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 France, R.T. (11. 07. 2007). The Gospel of Matthew. Wm. B. Eerdmans Publishing. стр. 746–752. ISBN 978-0-8028-2501-8. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Keener, Craig S. (1999). A Commentary on the Gospel of Matthew. Wm. B. Eerdmans Publishing. стр. 481–484. ISBN 978-0-8028-3821-6.
  4. Двете толкување се разгледуваат во Matthew Henry's Complete Commentary on the Whole Bible (1706).
  5. Hultgren, Arland J. (2002). The Parables of Jesus: A Commentary. Wm. B. Eerdmans Publishing. стр. 43. ISBN 978-0-8028-6077-4.

Литература[уреди | уреди извор]