Парабола за раската и гредата

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Прабола за раската и гредата“. Доменико Фети, о. 1619 г.

Раската и гредатапарабола на Исус искажана во Беседата на гората во Евангелието според Матеј, глава 7, стих 1-15. Обраќањето е прилично кусо и почнува со предупредување на слушателите дека е опасно да се суди бидејќи тоа може да им биде вратено во иста мера. Беседата на рамницата има слично кажување во Лука 6,36-42.

Текст[уреди | уреди извор]

Новозаветниот текст гласи:

1 Не судете, за да не бидете судени.
2 Зашто, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка ме­рите, со таква и ќе ви се мери.
3 Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а гредата во своето око не ја чувствуваш?
4 Или, како ќе му кажеш на твојот брат: „чекај да ти ја извадам раската од окото“, кога во твоето око има греда?
5 Лицемере, извади ја прво гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на твојот брат!

Оваа библиска парабола навлегла и во македонските народни поговорки. Некои од нив гласат: „На друг сламката гледаш, а на тебе гредата не гледаш“ и „Сламката во окото на брат му гледа, а гредата в своето не гледа“.[1]

Толкување[уреди | уреди извор]

Поуката од ова Исусово кажување е да се избнегува лицемерието, самоодважноста и солењето памет. Поради моралниот недостаток, малото парченце во окото на другиот некому е повоочливо од дрвената греда во своето око искажано во преносна смисла. Примерот може да се смета за земен од столарскиот занает кој му бил добро познат на Исус.

Ваквите изреки им биле познати на Евреите, како и на многу други народи низ светот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]