Организација на украински националисти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Организација на украинските националисти
Організація українських націоналістів
ВодачБогдан Кравцив (прв)
Владимир Тимтчиј (последен)
Членови300,000
БоиЦрвена, Црна
Формирана1929

Организација на украинските националисти (ОУН) (украински: Організація українських націоналістів) — украинска политичка организација во Западна Украина, тогаш под полска власт. Организацијата била основана во 1929 година со здружувањето на повеќе украински националистички структури, вклучително и Украинската воена организација и неколку милитантни антиполски студентски организации.

ОУН дејствувала со инфилтрирање на легални политички партии, универзитети и други политички структури и институции во Западна Украина. Како револуционерни ултра-националисти, ОУН била наречена фашистичка од неколку историчари. Нивната стратегија за придобивање на самостојност во Украина вклучува насилство и тероризам против странски и домашни непријатели, како што се Полска, Чехословачка и Русија.

Во 1940, ОУН се поделила на два дела. Постарите членови го поддржувале Андриј Мелник, а помладите и порадикални членови го поддржувале Степан Бандера. Групата на Степан Бандера декларирала самостојна Украинска Држава на 30 јуни 1941 во Лавов, додека регионот бил под контрола на Нацистичка Германија. Како одговор на тоа, водството на ОУН било потиснато од властите во Нацистичка Германија. Во октомври 1942 била создадена Украинската востаничка армија.

Во 1943 година припадниците на бунтовничката армија извршиле големо етничко чистење против Полјаците. Историчарите проценуваат дека околу 60,000 до 100,000 полски цивили биле масакрирани во Волин и Источна Галиција.

По војната, Украинската востаничка армија се борела против советските и полските владини сили. За време на Операцијата Висла во 1947, полската влада депортирала 140,000 украински цивили од Полска така што би ја одстранила базата за поддршка на бунтовничката армија. Во борбите, советските сили убиле, уапсиле или депортирале повеќе од 500,000 украински цивили. Многу од нив биле членови на Украинската Бунтовничка Армија или нивни роднини и поддржувачи.

За време на Студената војна, организацијата била скришно поддржувана од западните агенции, меѓу кои била и ЦИА.

Денес постојат многу современи Украински десничарски политички организации кои се сметаат за наследници на политичките традиции на организацијата, како на пример политичката партија Свобода, Украинското Национално Собрание и Конгресот на Украинските Националисти. Улогата на организацијата е сè уште оспорена во историографијата, поради тоа што современите политички наследници разија литература за негирање на фашистичките наследства и соработки со Нацистичка Германија на организацијата. Од друга страна некои научници тврдат дека деснчарските аспекти на модерните потомци на организацијата се истакнати од политички противници за изборни цели.