Онхоцеркијаза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Онхоцеркијаза
Onchocerca volvulus emerging from a black fly.jpg
An adult black fly with the parasite Onchocerca volvulus coming out of the insect's antenna, magnified 100x
Класификација и надворешни извори
Специјалностзаразна болест[*]
МКБ-10B73
МКБ-9125.3
DiseasesDB9218
eMedicinemed/1667 oph/709
MeSHD009855
Esculaap4.svg    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).



Онхоцеркијаза, позната како речно слепило и Роблесова болест, е болест предизвикана од инфекција со нематоден црв Onchocerca volvulus.[1] Симптомите вклучуваат неподносливо чешање, поткожни грутки и слепило.[1] Ова е втор најчест причинител за слепило кој се должи на инфекција по трахомата.[2]

Причинител и дијагноза[уреди | уреди извор]

Нематодниот црв се пренесува преку убоди од црна мува од родот Simulium.[1] Потребни се повеќе убоди пред да настане инфекцијата.[3] Мувите живеат покрај реките, па оттаму доаѓа името на болеста.[2] Кога ќе влезе во човекот, црвот создава ларва која излегува на површината од кожата.[1] На овој начин ќе ја инфицира следната црна мува која ќе му направи убод на човекот.[1] Постојат повеќе начини за дијагноза, вклучувајќи: биопсија на кожата со нормален физиолошки раствор и чекање ларвата да излезе и проверка на очите за појава на ларви, и преглед на поткожните грутки за присуство на возрасни црви.[4]

Превенција и лекување[уреди | уреди извор]

Не постои вакцина против болеста.[1] Превенцијата вклучува избегнување на убоди од муви.[5] Тука може да се опфати употребата на средство против инсекти и соодветна облека.[5] Потоа, се прави напор да се намали популацијата на муви со прскање инсектициди.[1] Со лекување на цели групи луѓе двапати годишно се прави напор да се отстрани болеста на неколку места во светот. [1] Заразените се лекуваат со лекот ивермектин, кој се дава на секои шест до дванаесет месеци.[1][6] Лекот ги уништува ларвите, но не и возрасните црви.[7] Лекот доксициклин, кој ги убива поврзаните бактерии наречени Wolbachia, ги ослабува црвите, па некои го препорачуваат за употреба.[7] Можно е и хируршко отстранување на поткожните грутки.[6]

Епидемиологија и историја[уреди | уреди извор]

Од 17 до 25 милиони луѓе се заразени со речно спелипо, а околу 800.000 луѓе делумно го имаат изгубено видот.[3][7] Повеќето инфекции се појавуваат во Екваторијална Африка, но има и пријавени случаи во Јемен и во изолираните области на Централна и Јужна Америка.[1] Во 1915 година, докторот Родолфо Роблес бил првиот кој го поврзал црвот со очната болест.[8] Во Светската здравствена организација ја нарекуваат запоставена тропска болест.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 1,9 „Onchocerciasis Fact sheet N°374“. World Health Oragnization. March 2014. конс. 20 March 2014. 
  2. 2,0 2,1 „Onchocerciasis (also known as River Blindness)“. Parasites. CDC. May 21, 2013. конс. 20 March 2014. 
  3. 3,0 3,1 „Parasites – Onchocerciasis (also known as River Blindness) Epidemiology & Risk Factors“. CDC. May 21, 2013. конс. 20 March 2014. 
  4. „Onchocerciasis (also known as River Blindness) Diagnosis“. Parasites. CDC. May 21, 2013. конс. 20 March 2014. 
  5. 5,0 5,1 „Onchocerciasis (also known as River Blindness) Prevention & Control“. Parasites. CDC. May 21, 2013. конс. 20 March 2014. 
  6. 6,0 6,1 Murray, Patrick (2013). Medical microbiology (7th издание). Philadelphia: Elsevier Saunders. стр. 792. ISBN 9780323086929. http://books.google.ca/books?id=RBEVsFmR2yQC&pg=PA792. 
  7. 7,0 7,1 7,2 Brunette, Gary W. (2011). CDC Health Information for International Travel 2012 : The Yellow Book. Oxford University Press. стр. 258. ISBN 9780199830367. http://books.google.ca/books?id=5vCQpr1WTS8C&pg=PA258. 
  8. Lok, James B.; Walker, Edward D.; Scoles, Glen A. (2004). „9. Filariasis“. Medical entomology (Revised издание). Dordrecht: Kluwer Academic. стр. 301. ISBN 9781402017940. http://books.google.ca/books?id=C7OxOqTKYS8C&pg=PA301. 
  9. Reddy M, Gill SS, Kalkar SR, Wu W, Anderson PJ, Rochon PA (октомври 2007 г). Oral drug therapy for multiple neglected tropical diseases: a systematic review. „JAMA“ том  298 (16): 1911–24. doi:10.1001/jama.298.16.1911. PMID 17954542. http://jama.jamanetwork.com/article.aspx?doi=10.1001/jama.298.16.1911.