Трахома

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трахома
Entropion and trichiasis secondary to trachoma A44-652-11.jpg
In-turned eyelid and eyelashes as a result of trachoma
Класификација и надворешни извори
МКБ-10 A71
МКБ-9 076
DiseasesDB 29100
MedlinePlus 001486
eMedicine oph/118
MeSH D014141

Трахома, позната уште како грануларен конјунктивит, Египетска офталмија,[1] и заслепувачка трахома е заразна болест предизвикана од бактеријатаКламидија трахоматис.[2] Инфекцијата предизвикува стврднување на внатрешната страна од очните капаци. Ова стврднување може да предизвика болка во очите, оштетување на надворешната страна на рожницата од очите, а можно е да дојде и до појава на слепило.[2]

Причинител[уреди | уреди извор]

Бактеријата која ја предизвикува болеста може да се шири и преку директен и индиректен контакт со инфицираните очи или нос на заразената личност.[2] Индиректниот контакт може да биде преку облека или инсекти кои претходно биле во контакт со очите или носот на инфицираната личност.[2] Потребни се голем број на инфекции низ годините за да можат да го оштетат очниот капак за тој да биде толку цврст, за трепките да почнат да се спојуваат со окото. ref name=WHO2013/> Децата почесто ја шират болеста од возрасните.[2] Лошите санитарни услови, пренаселените места и недоволно чистата вода предизвикуваат побрзо ширење на болеста.[2]

Превенција и лекување[уреди | уреди извор]

Напорите што се прават за спречување на болеста вклучуваат подобрен пристап до чиста вида и намалување на бројот на инфицирани поединци преку лекување со антибиотици.[2] Ова може да вклучува и истовремено лекување на поголеми групи на луѓе, каде што се знае за присуството на болеста.[3] Само чистењето не е доволно за спречување на болеста, но може да биде корисно заедно со другите мерки.[4] Можностите за лекување вклучуваат орално земање на лекот азитромицин или локално со тетрациклин.[3] Повеќе се препорачува азитромицин зашто орално се зема само еднаш.[5] Откако ќе настане оштетување на очниот капак, се препорачува операција за да се вратат трепките во претходната положба и да се спречи слепило.[2]

Епидемиологија[уреди | уреди извор]

На светско ниво, околу 80 милиони луѓе се активно инфицирани.[6] Во некои делови од светот, инфекциите се присутни кај 60 % до 90 % кај децата и поприсутни се кај жените отколку кај мажите поради поблискиот контакт со деца.[2] Болеста е причина за послаб вид кај 2,2 милиони луѓе од кои 1,2 милиони луѓе се слепи.[2] Најчесто се појавува во 53 држави во Африка, Азија, Централна и Јужна Америка, во кои 230 милиони луѓе се на ризик.[2] Ова е причина за загуба на 8 милијарди долари секоја година.[2] Болеста припаѓа на групата на болести, позната како запоставени тропски болести.[6]

Референци[уреди | уреди извор]

  1. Swanner, Yann A. Meunier ; with contributions from Michael Hole, Takudzwa Shumba & B.J. (2014). Tropical diseases : a practical guide for medical practitioners and students. Oxford: Oxford University Press, USA. стр. 199. ISBN 9780199997909. http://books.google.ca/books?id=ZWcGAQAAQBAJ&pg=PT222. 
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 „Blinding Trachoma Fact sheet N°382“. World Health Organization. ноември 2013. http://www.who.int/mediacentre/factsheets/fs382/en/. конс. 14 март 2014. 
  3. 3,0 3,1 Evans JR1, Solomon AW (March 2011). Antibiotics for trachoma. „Cochrane Database Syst Rev“ том  16 (3): CD001860. doi:10.1002/14651858.CD001860.pub3. PMID 21412875. 
  4. Ejere, HO; Alhassan, MB; Rabiu, M (Apr 18, 2012). Face washing promotion for preventing active trachoma.. „The Cochrane database of systematic reviews“ том  4: CD003659. doi:10.1002/14651858.CD003659.pub3. PMID 22513915. 
  5. Mariotti SP (November 2004). New steps toward eliminating blinding trachoma. „N. Engl. J. Med.“ том  351 (19): 2004–7. doi:10.1056/NEJMe048205. PMID 15525727. http://content.nejm.org/cgi/pmidlookup?view=short&pmid=15525727&promo=ONFLNS19. 
  6. 6,0 6,1 Fenwick, A (Mar 2012). The global burden of neglected tropical diseases.. „Public health“ том  126 (3): 233–6. doi:10.1016/j.puhe.2011.11.015. PMID 22325616.