Офталмоплегија
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |

Офталмоплегија — пареза или парализа на очните мускули.
Етиологија[уреди | уреди извор]
Причините може да бидат различни: трауматски (на пример фрактура на базата на черепот), воспалителни (менингитис, сифилис, ботулизам, полирадикулоневритис), дегенеративни (прогресивна јадрена офталмоплегија), васкуларни (склеротични петехии во мезенцефалон), туморски (менингеом на базата на черепот).
Клиничка слика[уреди | уреди извор]
Според локацијата на патолошкиот процес кој ја предизвикал парализата, офталмоплегијата може да биде:
- Супрајадреналезиите се над јадрото, оштетени се кортикалните центри за гледање, како и нивната врска со центарот за хоризонтален поглед (понс) или центарот за вертикален поглед (мезенцефалон). Пациентот не може ниту волно нити рефлексно да ги движи очите.
- Јадрени оштетувања на ниво на јадрата, т.е. мозочното стебло.
- Инфрајадрени оштетени се самите нерви, односно мозочното стебло. Може да биде комплетна и некомплетна. Надворешната офталмоплегија означува одземеност на надворешните мукули - булбомотори – движачи на очното јаболко, а внатрешната парализа се однесува на * Меѓујадрени оштетен е трактус лонгитудиналис медијалис. Тој претставува асоцијативен пат на мозочното стебло кој меѓусебно ги поврзува јадрата на булбомоторите како и со јадро вестибуларис јадрата на цервикалниот дел на ’рбетниот мозок (благодарение на оваа врска ја вртиме главата, очите и вратот во исто време, кон иста страна).
Дијагноза[уреди | уреди извор]
Се поставува врз основа на офталмолошкиот и невролошкиот преглед, како и понатамошните испитувања за утврдување на причините (рендгенографија, КТ и МРИ).
Терапија[уреди | уреди извор]
Терапијата е етиолошка доколку се знае причината. Симптоматското лекување се состои од медикаментозно (витамин Б), физикално (електротерапија) и оперативно лекување.
![]() | Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|