Обоена птица (филм од 2019)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Обоена птица (чешки: Nabarvené ptáče) - чешко-словачки-украински филм од 2019 година, во режија на Вацлав Мархoул, кој е автор и на сценариото, засновано врз истоимениот роман на Јежи Косински. Тоа е првиот филм на меѓусловенскиот јазик.[1] Главните улоги ги толкуваат: Петр Котлар, Нина Шуневич, Ала Сакалова, Удо Кир, Стелан Скарсгард, Харви Кајтел, Џулијан Сандс, Јулија Видрнакова, Лех Диблик, Бери Пепер, Петр Ванек, итн.[2] Филмот освоил вкупно 15 награди и признанија, а имал уште 12 други номинации.[3]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива за време на Втората светска војна, Јоска (го игра Котлар) е мало момче кои родителите го оставаат кај тетка му Марта (ја игра Шуневич). Наскоро, таа умира, а Јоска ненамерно предизвикува пожар. Поради тоа, селаните го обвинуваат дека е опседнат од демонски сили и сурово го тепаат, а потоа го предаваат на една Циганка (ја игра Сакалова). Таа го закопува в земја, а само главата му ја остава надвор. Јоска успева да побегне од неа и се населува кај воденичарот Милер (го игра Кир), кој му ги ископува очите на неговиот работник и тогаш исплашениот Јоска го напушта неговиот дом. Потоа, тој го запознава птичарот Лех (го игра Диблик), кој се обесува откако селанките убиваат една девојка-скитничка. Јоска оди во соседното село каде селаните го предаваат на германската војска, пријавувајќи го како Евреин. Заповедникот на војската наредува да го стрелаат момчето, но војникот кој треба да го изврши убиството му дозволува на Јоска да побегне. Сепак, подоцна, него повторно го заробува германската војска, но германскиот офицер го ослободува, а него го зема локалниот свештеник (го игра Кајтел). Еден селанец (го игра Сандс) се понудува да се погрижи за Јоска, но наместо тоа, тој го тепа и го принудува на сексуален однос. Еден ден, Јоска успева да го убие педофилот, но потоа селаните го фрлаат во изметот по што тој го напушта местото. По големо невреме, Јоска со последните сили доаѓа до напуштена колиба во која живее Лабина (ја игра Видрнакова). Таа го принудува на сексуални односи, а кога ја гледа како таа има сексуален однос со јарецот, Јоска бега од неа и доаѓа во едно село во кое штотуку пристигнува Црвената армија. Таму, за него се грижи војникот Митка (го игра Пепер), а по заминувањето на војската, него го предаваат во дом за сираци при што Митка му подарува пиштол. Откако ќе биде истепан од еден селанец, Јоска го убива. Еден ден, во домот пристигнува Никодем, кој се претставува како неговиот татко и го зема со себе. На патот до дома, Никодем (го игра Ванек) заспива, а Јоска го гледа на неговата рака тетовираниот број од престојот во концентрациониот логор. Тогаш, Јоска го пишува своето име на прозорецот од автобусот.

Наводи[уреди | уреди извор]