Невена Игњатовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Олимписки медали
Алпско скијање
Универзијада
Златен медал - прво место 2013. Тренто слалом
Светско војно првенство
Сребрен медал – второ место 2015. Боден велеслалом - екипно

Невена Игњатовиќ (Крагуевац, 28 декември 1990) е српска алпска скијачка. Се натпреварува во технички дисциплини. Таа е член на скијачкиот клуб Раднички од Крагуевац. Ги користи скиите и везовите на компанијата Стокли.

Невена дебитираше на Светскиот куп во Марибор на 17 јануари 2010 година. Досега има стартувано 16 пати на Светскиот куп, но никогаш не се пласираше во второто коло. Најблиску до пласман беше на 10 март 2013 година во Офетршванг, кога го освои 37-то место, а во вториот круг заостануваше 0,26 секунди.[1] Учествувала на бројни трки на ФИС, на кои постигнала 5 триумфи во слалом и 3 во велеслалом. Таа има еднаш триумфирано во словенечкото првенство, 3 пати на српското првенство и на една јуниорска трка.

Таа беше член на српскиот олимписки тим на Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер, Канада, Зимски олимписки игри 2014 и Зимски олимписки игри 2018. Во Ванкувер, таа учествувала во три дисциплини од алпско скијање: слалом, велеслалом и супервелеслалом. Во слалом го освои 32-то место од 86 натпреварувачки, во велеслалом 39-то место од 87 натпреварувачки, а во супервелеслалом не ја заврши трката.

Таа двапати учествувала на Светското првенство во алпско скијање:

  • 2011 година Гармиш-Партенкирхен
Слалом 32. место
Велеслалом 50. место
  • 2013 година Шладминг
Слалом 34. место
Велеслалом 41. место

Учествувала 3 пати на Светското јуниорско првенство, каде најдобриот пласман го постигнала во 2010 година во Мегеве, Франција, каде го освоила 23-то место.

На 26.01.2018 год. Невена го забележа историскиот резултат на српското скијање. Таа го освои шестото место на алпската комбинација на трката на Светскиот куп во Ленцерхајде, Швајцарија.[2]  

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Резултати Невене Игњатовић у Светском купу, Посетено на 15. 4. 2013.
  2. TRKA ZA ISTORIJU SRPSKOG SKIJANJA Nevena Ignjatović šesta na Svetskom kupu!, Посетено на 27. 1. 2018.